Свет
Шведски полицајки под закана да ѝ се покорат на Исламска држава или да бидат силувани
Триесет и четиригодишен маж во Шведска е осуден за изрекување закани откако им рекол на две полицајки да ѝ се покорат на Исламска држава или да се соочат со силување, пренесува „Нихетер даг“.
Фади Дауд беше осуден минатата недела за заканите изречени во Норркопинг во мај 2017 година. Полицијата одговорила на повик откако Дауд бил виден како се качува на балкон, а кога се спротивставил, полицајците биле принудени да го совладаат.
„Фади извика неколку безобразни зборови кон нас, како ‘курва’ и ‘свинско копиле’ и дека мораме да ѝ се покориме на Исламската држава бидејќи и двете ќе нè силува”, рече една од полицајките.
По успешното притворање, полицајките велат дека Дауд продолжил да ги навредува и им се заканувал со силување на пат до полициската станица.
„Тој зборуваше за Исламска држава и праша дали знаеме што прават со курвите како нас“, вели полицајката.
Ико судските постапки почнале во ноември 2017 година, а датумот на судењето првично бил закажан за јануари 2018 година, процесот се соочил со одложувања. На крај, Дауд бил осуден на три месеци затвор и паричен надомест за двете полицајки.
Овој инцидент е последен во серијата на Дауд, кој, наводно, бил вмешан во 21 случај од 2001 година и претходно бил осуден за неколку други кривични дела, вклучувајќи злоупотреба и прекршоци поврзани со дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.