Црна хроника
Поднесено обвинение за продавач на марихуана во Студеничани
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Обвинетиот на 13 јуни во својот дом во Студеничани неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана во вкупно количество од 137 грама. Дрогата била спакувана во црна полиетиленска кеса.
Бидејќи надлежниот јавен обвинител ценеше дека и натаму постојат законските основи поради кои на обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, до судот беше доставен и предлог за продолжување на оваа мерка, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.