Свет
Гибралтар го задржал танкерот по барање на Вашингтон
Гибралтарските власти го задржале супертанкерот кој превезувал нафта за Сирија, по налог на САД, соопшто вршителот на должност министер за надворешни работи Шпанија, Жозеп Борел, пренесува „Спутник“.
„Ние (Шпанија) бевме сво тек со оваа операција; патролните бродови ја контролираа зоната. Ја проучуваме ситуацијата што доведе до тоа. Станува збор за барање на САД уптено до Велика Британија“, изјави Борел.
Според Борел, оваа ситуација може да влијае и на шпанскиот суверенитет зашто Шпанија го смета Гибралтарскиот Мореуз за свои територијални води.
Претходно Велика Британија ги поздрави мерките на властите на Гибралтар.
„Ги поздравуваме овие одлучни дејства кои ја обезбедуваат реализацијата на санкциите на ЕУ против сирискиот режим. Ги поддржуваме одлуките на гибралтарските власти кои ја изведоа оваа операција. Сето тоа би требало да испрати јасен сигнал дека прекршувањето на санкциите е неприфатливо“, истакна тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Силно невреме ја зафати Србија: жена загина во Сомбор
Силно невреме го погоди Сомбор околу 17 часот, а на социјалните мрежи кружат фотографии од соборени дрвја во овој град.
Исто така, како што соопшти српското МВР, една жена настрадала кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓала.
Поројни дождови и град ги погодија и Нови Пазар, Ивањица, Чачак.
Силно невреме денеска околу 15 часот го зафати Нови Пазар и околината, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку населени места, јавува Танјуг.
Fallen branches and trees at northwestern Serbia due to convective wind gusts on this evening, in Kucura near town Vrbas (first photo), and in town Sombor (2nd and 3rd photo).
Source – Facebook page: https://t.co/wDYT1MhWyc pic.twitter.com/7CB9lfJcJL
— Milos Milic (@skomimaster) May 21, 2024
Силен дожд и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан, пренесуваат српските медиуми.
Поради обилните врнежи, на улиците се појавија големи количества вода, што го отежна движењето на автомобилите.
Европа
Русија почна со вежби со тактичко нуклеарно оружје
Руските сили ја почнаа првата фаза од вежбите кои вклучуваат „практична обука за подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Претседателот Владимир Путин ги нареди вежбите претходно овој месец. Москва ги поврза со, како што ги нарече, „милитантните изјави“ на западните официјални лица за кои рече дека претставуваат безбедносна закана за Русија.
Предупредување на Путин до Западот
Руското Министерство за надворешни работи ги цитираше коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја покрена можноста за испраќање европски сили да се борат против Русија во Украина, и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој рече дека Украина има право да користи оружје обезбедено од Лондон за напад на цели во Русија.
Безбедносните аналитичари велат дека вежбата е предупредување на Путин до Западот повеќе да не се вклучува во војната во Украина, на која и испорачува оружје и разузнавачки информации, но се воздржа од испраќање војници.
Министерството за одбрана соопшти дека во првата фаза од вежбата се вклучени ракетите Искандер и Кинжал.
Вежбите се одржуваат во Јужниот воен округ на Русија долж украинската граница и делови од Украина под контрола на Русија.
Белорусија, каде Русија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.
Тактичкото или нестратешкото нуклеарно оружје е помалку моќно од стратешкото оружје дизајнирано да избрише цели непријателски градови, но сепак има огромен деструктивен потенцијал.
Европа
(Видео) Тежок скандал во романскиот парламент: пратеникот обвини поранешен сопартиец дека го удрил со колено во носот
Сериозен скандал денеска се случи во романскиот парламент – пратеникот на ПНЛ, Флорин Роман изјави дека добил „удар со колено во носот“ пред пленарната сала на Собранието, од поранешен сопартиец, сега независен пратеник Дан Вилчеану, инаку поранешен министер за финансии, пренесува Либертатеа.
„Го прекорив независниот пратеник Дан Вилчеану за прекршување на правилата поради неговото присуство во клупите на групата ПНЛ. Неговиот проблем во парламентот беше да дознае колку градоначалници отишле во Калараши. Следеше вербална расправија, по што физички насилно бев исфрлен од пленумот“, напиша Флорин Роман на Фејсбук.
„Надвор од пленумската сала повторно бев физички нападнат, насилнички, со колено во носот“, тврди Роман, прецизирајќи дека тој не возвратил, туку дека ќе поднесе „кривична пријава против пратеникот хулиган“.
Претседателот на ПНЛ и на парламентот, Николае Чиука, рече дека „физичкото насилство е неприфатливо, особено кога тоа се случува овде, во зградата на парламентот“ и побара од раководството на Претставничкиот дом да преземе мерки против либералниот Дан Вилчеану.