Македонија
Џафери: Со Венецуела нѐ поврзува копнежот за независни и демократски држави
Нашите две пријателски држави ги поврзува копнежот и стремежот за самостојни и независни држави, засновани на демократски принципи и слободен живот на граѓаните, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во честитка по повод Денот на независноста на Венецуела – 5 јули.
„Легитимитетот на граѓанскиот концепт модерните демократски држави го базираат на суверенитетот на народот, владеењето на правото, правдата, човековите права и слободи и демократијата. Парламентите се дом на граѓаните и душа на државноста. Парламентите се чувари на човековите права и граѓанските слободи, се грижат за нивното почитување и во сите предизвици и можни политички превирања, тие се столбовите на народната власт.
Република Северна Македонија и нејзиното Собрание, и јас како негов претседател, даваме силна поддршка на процесите на демократизација на венецуелското општество, бидејќи само слободно изразената граѓанска волја и демократски избраните државни институции можат да го водат напред секој поединец и секоја држава во целина.
Во таа насока, во свое лично име упатувам искрени честитки за овој голем национален празник, но и отворена поддршка на реформските процеси во Венецуела, со верба дека демократскиот капацитет на овој силен народ и неговите лидери ќе остават трајни цивилизациски вредности во светската политика“, наведува Џафери во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Заврши 16. Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Со обраќањето на универзитетскиот професор и економист Џефри Сакс, заврши 16-тата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов. Во онлајн сесијата тој ги истакна значењето на младинското лидерство, глобалната соработка и одржливиот развој како клучни насоки за идните генерации. Учесниците имаа можност директно да разменат мислења и да постават прашања, со што беше заокружен последниот ден од програмата.
16-тата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов посветена на темата „Младинска агенда за одржлив свет“, како дел од пошироките глобални напори за унапредување на Целите за одржлив развој на Обединетите нации, се одржа од 3-16 ноември 2025 година.

На овогодинешната школа учествуваа млади лидери од Македонија, како и од Австрија, Азербејџан, Кина, Египет, Гана, Јордан, Кенија, Пакистан, Руанда, Турција и САД, со што уште еднаш се потврди меѓународниот карактер на програмата. Школата беше реализирана преку повеќедневни тематски блокови, предавања, работилници, интерактивни дискусии, менторски сесии и работа на проекти, во рамки на кои учесниците имаа можност да се следат предавања од повеќе од дваесетина предавачи и говорници од земјата и странство.
На оваа школа учество како предавачи и говорници земаа истакнати професори, експерти и лидери, меѓу кои и поранешната претседателка на Унгарија Каталин Новак, универзитетскиот професор и економист Jeffrey Sachs, Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, Претседателот на Freedom House Герардо Бертин, Фелипе Паулиер помошник Генерален секретар на Обединетите нации за младински прашања, Рита Колумбија постојана координаторка на Обединетите нации, Митрополитот дебарско-кичевски Владиката г. Георгиј, Генерал потполковник (пен.) Мајкл Дуби, д-р Рашела Мизрахи, проф. д-р Ѓорѓија Петкоски, проф. д-р Роберт Стеркен, Филип Нелковски, Лазар Поп Иванов, Петар Ниновски, проф. д-р Разаман Акташ, Анастасија Илиевска, Зоран Костовски, Ранко Безар, Јакуб Популар, д-р Александар Митов, м-р Ивана Хаџиванова и членовите на Алумни асоцијацијата на школата, учесници во претходните програми – Ѓорге Божинов, Панче Коцев, Нина Ачераоу, Хепи Гилберт Манго, Илина Пејоска-Затуроски и Даниел Ѓоќески.
Новитет во овогодинешната програма на школата беше менторската програма, иницирана и предводена од првиот Претседател на ИСЛАА, Даниел Ѓоќески, која беше подготвувана повеќе од шест месеци и беше реализирана во последните месец дена.

Поврзувањето на првите генерации алумнисти на школата со новите учесници беше високо оценета од самите учесници, што претставува поттик за организација на овој сегмент во програмата и за следните изданија на школата. Оваа година во улога на ментори беа алумнистите и предавачи на школата Даниел Ѓоќески, Владимир Арсов, Весна Поповска, Јулија Витанова, Илија Вучков, Никола Николовски, Катерина Вељановска Блажевска, Вероника Томова, Весна Трајковска и Горан Шибаковски.
Реализацијата на Школата е поддржана од бројни компании од земјата и од странство. Школата за млади лидери е иницијатива започната во 2010 година и претставува една од најпрепознатливите платформи за развој на млади лидери во регионот, и која, во 2018 година, беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.
Школата за млади лидери претставува уникатна платформа за талентирани и ангажирани млади луѓе од различни средини. Учесниците, внимателно селектирани според нивните академски достигнувања, лидерски потенцијал и општествен ангажман, се идентификувани како идни лидери кои ќе придонесат во изградбата на мирна, праведна и просперитетна иднина. Досега програмата на школата ја поминале 625 млади луѓе од земјата и странство, а над 420 реномирани предавачи и говорници од Македонија, Европа и светот го споделиле своето знаење со учесниците.
Македонија
Ковачки: Македонија инвестира во својата безбедност, модернизација и стабилност
Македонија инвестира во својата безбедност, модернизација и стабилност.
Во Собранието е Предлог-буџетот за 2026-та, фокусиран на развој, но и на безбедност гарантирана од државните институции, вели Драган Ковачки пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Воената академија ќе добие за 419% поголем буџет. Ова се средства насочени кон зголемена професионализација на Македонската армија, насочени кон подобри услови и поквалитетно образование за нашите офицери, а со тоа и зголемена безбедност за нашата држава.
Во оваа насока е и ставката „стручно оспособување во земјата и странство“, што ќе направи да зачекориме рамо до рамо со нашите НАТО сојузници, а со тоа и да се зацврсти нашата меѓународна позиција.
Посветеноста кон одбраната и модернизацијата на армијата се покажува и преку Буџетот за Министерството за одбрана, кој од следната година е зголемен за 8,4%, односно од 20,4 на над 22 милијарди денари“.
Овде, исклучиво во делот на модернизација, посочи тој, се предлага буџетско зголемување од дури 38.1% односно цели 406 милиони денари повеќе.
Дополнително, како што рече, за опрема и механизација за македонската одбрана, предвидено е зголемување на средствата за 15,7%, односно 844 милиони денари.
„Ова се конкретни бројки што покажуваат дека Македонската одбрана се движи напред, со јасна стратегија и јасни цели.
Во време на глобални безбедносни ризици, за стабилна економија мора да имаме и стабилна одбрана.
Со овој буџет:
– Ја зајакнуваме нашата улога како доверлив сојузник во НАТО.
– Создаваме услови за нови вработувања, обука, техничко и технолошко унапредување.
– Градиме армија што ги следи стандардите на најсилните демократии.
– Ги штитиме нашите граѓани, инфраструктура и територија“.
Македонија
Манасиевски: Две недели по катастрофалните избори за СДС, партијата и натаму без никакви промени во врвот
Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Веќе две недели по катастрофалните избори на кои СДС спадна на 120.000 гласови и само 6 општини, партијата и натаму без никакви промени во врвот, а на Филипче тоа му одговара. Откако веќе јавно се повеќе актуелни и поранешни функционери бараат промени, станува јасно во јавноста дека Филипче се повеќе го губи легитимитетот во партијата. Наместо да понесе одговорност за лошите резултати за кои тој лично е виновен, тој продолжува по старите познати чекори и не поднесува оставка, туку продолжува да изработува за Заев, со поставувањето на Трајановски за потпретседател“, рече Манасиевски.

