Спорт
Де Коло во Фенербахче
Францускиот репрезентативец, Нандо Де Коло, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Фенербахче. Со трускиот клуб Де Коло потпишал две годишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Години наназад еден од најдобрите играчи во Евролигата, во Фенербахче доаѓа на местото на Србинот Марко Гудуриќ кој се сели во НБА-франшизата, Мемфис Гризлис.
Последните пет години Де Коло ги мина во ЦСКА Москва. Со „армијата“ тој освои две титули во Евролигата, а минатата сезона ја заврши со просечни 14,7 поени по натпревар.
Де Коло (32) кариерата ја започнал во Шоле, а потоа играч за Валенсија, Сан Антонио Спарс и Торонто Репторс.
Во 2016 година кога ЦСКА станаа европски шампиони Де Коло беше прогласен за најкорисен играч и на доби наградата „Афонсо Форд“ за најдобра стрелец во Евролигата.
Fenerbahce, agreement for Nando De Colo
https://t.co/mkOHOsF6Jf— Sportando (@Sportando) July 5, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Два гола и асистенција за Миовски – Убедлив триумф на Џирона против Еспањол
Џирона во малото каталонско дерби го совлада Еспањол со 4:1 и се искачи на петтото место на табелата. Натпреварот со два гола и асистенција го обележа Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец ги постигна првите гоови за Џирона во Примера, претходно постигна два и во Купот на Кралот против Екстрамадура.
Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути. Македонскиот репрезентативец му асиситраше на Хил во четвртата минута за првиот гол. Потоа Хил му се реваншира со две асистенции во 16. и 22.минута.
Импресивната партија на Џирона ја заокружи чепкиот репрезентативец Крејчи во 27.минута. За Крејчи ова е првиот гол во дресот на Џирона и тој како и Миовски во летниот преоден рок пристигна на „Монтоливи“.
Честа на Еспањол ја спаси најдобриот играч, капитенот Хави Пуадо во 55.минута.
Спорт
(Видео) Тотенхем среде Манчестер го декласира Сити
Тотенхем ја продлабочи кризата на Манчестер сити. Вечерва на „Етихад“ во Манчестер, Тотенхем со 4:0 го декласира актуелниот шампион. Сити го забележа петтиот последовен пораз во сите натпреварувања.
Иако Сити тргна поагресивно, а Ерлинг Халанд не успеа да го совлада Гиљермо Викарио кога се најде сам пред него, Тотенхем беше тој што дојде во водство. Се играше во 13. минута кога Дејан Кулушевски му асистираше на Џејмс Медисон кој ја затресе мрежата.
Ниту навивачите, ниту играчите на Сити се уште не се опоравија шокот, а Едерсон уште еднаш мораше да ја вади топката од голот.
Само седум минути му беа потребни на Тотенхем уште еднаш да ја затресе мрежата на домаќините. Овој пат во улога на асистент беше Хјеон-Мин Сон, а Медисон повторно беше стрелец.
Како одговор на уште едно промашување на Халанд, стигна обидот на Доминик Соланке, но Едерсон беше внимателен и направи фантастичен одбрани.
Спарс не беа задоволни од она што го направија во првите 45 минути. Веќе во 53. минута Сити повторно тргна од центарот.
Брилијантна контра започна Колушевски, мина тројца играчи на Сити, одигра двојно со Сон, па го проигра Соланке, кој ја врати топката на 10 метри за Педро Поро кој погоди за 0:3.
Сити имаше обиди и тоа добри преку Халанд и Гундоган но Викарио остана несовладан.
Тимо Вернер само три минути по влегувањето во игра му ја сервираше топката на Бренан Џонсон кој го постави конечниот резултат во 93.минута.
Ова е петтио пораз по ред за Манчестер сити. Лошата серија започна против Тотенхем во Лига купот (2:1) на 30 октомври. Следуваше пораз од Борнмут во Премиер лигата (2:1), потоа од Спортинг во Лигата на шампионите (4:1), а потоа и пораз од Брајтон во Премиер лигата пред репрезентативната пауза (2:1). Петтиот пораз, трет во Премиер лигата е од Тотенхем.
Пеп Гвардиола никогаш не загубил пет последователни натпревари во својата тренерска кариера.
Спорт
Милан и Јувентус ги разочараа навивачите
Без победник и без голови заврши 242. соочување на Милан и Јувентус. Великаните на италијанскиот фудбал, пред 80.000 гледачи на „Сан Сиро“ одиграа натпревар под сите стандарди.
Милан и Јувентус во дербито се појавија со јасна цел и план, да не загубат. Така на теренот ги поставија своите фудбалери Поло Фонсека и Тијаго Мота. Тренерите одиграа партија шах на теренот, буквално секој играч имаше јасна задача на теренот, поради што гледачите не видоа апсолутно ништо.
Јувентус го освои 25.бод во Серија А, колку што имаат со натпревар помалку Фиорентина, Аталанта и Лацио, бод повеќе има Наполи, а три бода повеќе Интер. Милан е седми со 19 бодови.