Спорт
Ноа Лајлс стана четвртиот најбрз човек на 200 метри (видео)
Американецот Ноа Лајлс покажа дека е во фантастична форма, откако истрча 19.50 на 200 метри на митингот од Дијамантската лига во Лозана, Швајцарија, со што е четврт најбрз човек во спринтерската дисциплина.
Ова време е осмо најбрзо во историјата и најдобро во последните седум години. Досега, побрзи од него биле само светскиот рекордер Јусеин Болт, неговиот јамајчански сонародник Јохан Блејк и американската легенда Мајкл Џонсон.
Лајлс се врати по реткиот пораз во дисциплината од сонародникот Мајкл Норман во Рим минатиот месец и покажа дека ќе биде прв фаворит за титулата на Светското првенство во Доха во октомври.
Еквадорецот Алекс Квинонез беше втор со национален рекорд од 19.87, додека трет беше канадскиот олимписки вице-шампион Андре де Грасе со 19.92.
.@LylesNoah wins Lausanne 200m in 19.50 seconds (into a slight headwind), the eighth fastest time ever. Only Usain Bolt, Yohan Blake and Michael Johnson have run faster. It’s the world’s fastest time since Bolt won the 2012 Olympics. pic.twitter.com/AKDwe4CqgB
— Nick Zaccardi (@nzaccardi) July 5, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Саудијците го одбија Меси
Лионел Меси планираше да ја искористи претстојната четиримесечна пауза од МЛС за да остане во форма пред Светското првенство во 2026 година, но неговиот план не наиде на разбирање во Саудиска Арабија.
Како што објави „RMC Sport“, аргентинскиот фудбалер сакал да потпише краткорочен договор со еден од клубовите на Саудиската професионална лига во текот на зимскиот период, со цел да остане во натпреварувачкиот ритам. Сепак, локалните власти и клубовите експресно ја отфрлиле таа можност.
Причината е јасна, саудиската лига не сака да стане привремена дестинација за странски ѕвезди, туку се стреми да изгради сериозно и конкурентно натпреварување кое ќе им конкурира на најсилните европски лиги.
Во овој контекст, отфрлањето на предлогот на Меси се толкува како принципиелен потег што покажува дека Саудијците не сакаат да бидат „тренинг полигон“, дури ни за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Меси, кој игра за Интер Мајами две години, досега постигна 73 гола и запиша 37 асистенции во 83 натпревари. Тој неодамна го продолжи договорот со клубот од Флорида до 2028 година, кога ќе има 41 година.
Неговата моментална пазарна вредност е околу 18 милиони евра, што е сè уште импресивно за играч во доцните фудбалски години.
Одбивањето на Саудијците доаѓа во време кога земјата многу инвестира во спортот, особено во фудбалот, привлекувајќи имиња како Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Сепак, Меси останува упорен, и на 38 години, тој покажува дека сè уште сака да биде целосно подготвен за веројатно ќе биде последното Светско првенство во неговата кариера, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.
Спорт
(Видео) Јокиќ ефикасен – Денвер славеа против Сакраменто
Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа над Сакраменто Кингс со 130:124. Нагетс ја забележаа четвртата победа во сезоната, имаат и два порази, додека Кингс се на скор две победи и пет порази.
Никола Јокиќ го одигра најефикасниот меч од почетокот на сезоната и го задржа континуитетот и во шестиот меч забележа дабл-дабл.
Србинот натпреварот го заврши со 34 поени, 14 асистенции, седум скока и четири украдени топки.
Јокиќ моментално е најдобар стрелец и најдобар асистент во НБА.
Доколку го задржи овој статус, ќе стане првиот кошаркар по Нејт „Тајни“ Арчибалд, кој беше најдобар стрелец и асистент во лигата во истата НБА сезона. Тоа беше во 1973 година, а плејмејкерот на Канзас Сити Кингс имаше просек од 34 поени и 11 асистенции. Џејмс Харден беше најблиску до ова достигнување во 2017 година во дресот на Хјустон.
Кристијан Браун придонесе за победата со 21 поен (7/10 од поле), а Арон Гордон постигна 20 (6/11 од поле), а двоцифрени беа и. Џамал Мареј со 15, Брус Браун со 13 и Кем Џонсон со 10 поени.
Во редовите на Кингс, инспириран беше Расел Вестбрук, ветеран кој минатата сезона ја помина во Денвер. Искусниот плејмејкер го заврши натпреварот со 26 поени (10/17 од поле), 12 скока, шест асистенции, но и шест изгубени топки.
Демар Дерозан имаше 19, а Денис Шрудер, МВП на Евробаскетот, го заврши натпреварот со 18 поени и 9 асистенции. Потфрли Зек Лавин, кој до овој натпревар имаше просек од 29,5 поени, постигна 15.
Спорт
Модриќ ги избра петте најдобри фудбалери на сите времиња
Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, за шпански „АС“, ги избра петте најдобри фудбалери во историјата.
Модриќ (40), играч од средниот ред на Милан, беше замолен да издвои пет играчи од која било ера.
„Марадона, Франческо Тоти, Бразилецот Роналдо, Звонимир Бобан, кој е мој идол, и Зизу (Зинедин Зидан)“, рече Модриќ.
Модриќ е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, кој замина ова лето по 13 сезони во клубот.
Со Хрватска, тој освои сребро на Светското првенство во 2018 година, а истата година ја доби и „Златната топка“ за најдобар играч во светот.
Тој има и бронзен медал од Светското првенство во 2022 година, а треба да го предводи националниот тим и на следниот Светски шампионат.

