Економија
Трипуновски: 500 вработени во „Водостопанство“ веќе два месеци немаат земено плата
Додека довчерашниот Министер за земјоделство, Љупчо Николовски и Зоран Заев организираат скапи коктели, 500 вработени во АД Водостопанство веќе два месеци немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување, изјави на прес-конференција, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Петсто фамилии се оставени без основни средства за егзистенција веќе 2 месеци. Веќе 2 месеци 500 луѓе не можат да отидат на лекар и да ги користат услугите на здравствениот систем. Вработените кои имаат кредити или други ануитетни давачки 2 месеци едвај врзуваат крај со крај и мислат како да го дочекаат наредниот месец“, рече Трипуновски.
Опозицијата праша зошто синдикатот на АД Водостопанство молчи за ваквата ситуација наместо да се бори за работничките права и за вработените на АД Водостопанство.
„Ова е крајно нехумано кога знаеме дека од една страна се трошат пари за луксуз и се организираат скапи коктели, а од друга страна вработените од АД Водостопанство немаат плати и придонеси. На сликата позади мене може да го видите довчерашниот министер Николовски и неговиот наследник Димковски како насмеани уживаат во луксузен коктел во Министерството. Поради неспособниот менаџерски тим во АД Водостопанство не страдаат само вработените во претпријатието, туку и земјоделците, на кои не им се пружа адекватна услуга за која што плаќаат према претпријатието.
АД Водостопанство, иако има обврска да ги чисти и одржува каналите за наводнување тоа го нема направено во поголем број на региони во Република Македонија. Па така земјоделците наместо да наводнуваат се соочуваат со суви ниви што директно ќе се одрази врз приносот односно егзистенцијата на земјоделците“, рече Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)