Спорт
„Нема да направиме грешка како со Баџо“

Сопственикот на Фиорентина Роко Комисо рекол дека неговиот клуб нема да ја повтори грешката која во минатото ја направиле кога го продале Роберто Баџо во Јувентус. Изјавата на Комисо е поврзана со интересот на Јувентус за најдобриот играч на „виолетовите“ Федерико Киеза.
„Со Киеза нема да ја направиме истата грешка како со Баџо. Роби Баџо беше најдобриот фудбалер во светот, а тие тогаш го продадоа само поради парите“, рекол Комисо во едно интервју.
Италијанецот бизнисмен пред еден месец стана сопственик на фудбалскиот клуб Фиорентина. Тој веднаш најави дека со клубот од Фиренца има големи планови.
„Тој е нашиот шампион и не би го продал ниту за 100 милиони евра. Имам свои сништа, одиме чекор по чекор, ќе видиме што ќе се случи. Сакам нешто да направам за Фиорентина и Фиренца, сакам да оставам длабока трага тука“, рекол сопственикот на Форентина.
Федерико Киеза има 21 година, а неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 60 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нотингем Форест веќе го пронајде наследникот на Постекоглу

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест веќе бара замена за менаџерот Анге Постекоглу. Главен кандидат е Шон Дајш, јавуваат британските медиуми.
Дајш е поранешен играч од академијата на клубот и живее во градот. Има големо искуство со тимови во Премиер лигата. Последно го водеше Евертон, но беше отпуштен по завршувањето на минатата сезона и сега е слободен за нов предизвик.
Постекоглу беше назначен на 9 септември, но сè уште нема победа во седум последовни натпревари. Трпението на сопственикот Евангелос Маринакис е при крај.
Двата натпревари по репрезентативната пауза ќе бидат клучни. Нотингем Форест ќе игра против Челси во Премиер лигата и против Порто во Лига Европа на „Сити Граунд“.
Спорт
Валентин Вашеро е сензационален победник на Мастерсот во Шангај

Валентин Вашеро оствари сензационален триумф на Мастерсот во Шангај. Тој во финалето го победи својот братучед и поранешен колеџ соиграч Артур Риндеркнеш со 4-6, 6-3, 6-3 и го освои првиот АТП турнир на ова ниво.
Тенисерот кој е рангиран на 204-та позиција на АТП листата, стана најниско рангиран шампион во историјата на АТП турнејата од 1990 година.
Риндеркнеш го освои првиот сет со 6-4 во гемови, но потоа Вашеро заигра многу подобро. Го доби вториот сет со 6-3, а идентично заврши и решавашкиот трет сет впо финалето.
Спорт
Оставката на Пикси е прифатена, Зоран Мирковиќ ќе ги предводи Србите против Андора

Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на селекторот Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Лесковац. Пикси нема да патува со тимот во Андора.
Тимот ќе го предводи Зоран Мирковиќ, селекторот на младата репрезентација. Тој веќе се приклучи на тимот во Ниш заедно со стручниот штаб.
„По поразот на репрезентацијата од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка од својата функција и нема да патува со екипата на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Андора. В.Д. предводник на српската репрезентација во следниот квалификациски натпревар за Светското првенство ќе биде стратегот на нашата млада селекција, Зоран Мирковиќ, кој веќе се приклучи на репрезентацијата во Ниш во недела наутро, заедно со членовите на стручниот штаб Страхиња Пандуровиќ, Лазар Томиќ, Александар Кировски, Дејан Одавиќ и Богдан Милиќевиќ“, се вели во соопштението на ФСС.
Извршниот одбор на ФСС ќе се состане во петок, 19 октомври. Тогаш ќе се одлучи кој ќе го наследи Стојковиќ. Засега главен кандидат е Вељко Пауновиќ, иако постои можност и Зоран Мирковиќ да продолжи како селектор на сениорскиот тим на Србија.