Црна хроника
Дваесет лаптопи украдени од „Ривер Софт“
Во релативно „тивкото“ изминато деноноќие, кога станува збор за криминалот, најтешко минаа скопската фирма „Ривер Софт“ од каде се украдени 20 компјутери и скопјанец кој е ограбен за околу 12 илјади евра.
Непознат сторител во петокот извршил тешка кражба на улицата „„Васил Ѓоргов“ во скопската населба Капиштец, провалувајќи во фирмата за компјутерска опрема „Ривер Софт“, при што одзел 20 лап-топ компјутери. Крадецот, претходно скршил едно изложно стакло, влегол внатре ги одзел компјутерите и незабележано исчезнал.
Недалеку од оваа локација, на улицата „Народен фронт“, исто така, во петокот е пријавен кражба во стан на 35-годишен скопјанец на поголемо количество златен и сребрен накит, четири стари турски лири и машки рачен часовник. Провалникот во станот влегол низ вратата, а предметите што ги понел со себе се проценети на околу 12 илјади евра.
Во Скопје во петокот е извршено и разбојништво во аптека, при што се доземени 20 илјади денари. Разбојништвото го извршило засега неидентификувано лица кој во аптеката на компанијата „Зегин“ на улицата „Џон Кенеди“ во скопски Чаир под закана со пиштол ја принудил вработената да му ги даде парите.
Компјутерите се виделе интересни за криминалците и во тетовското село Стенче, од каде што ноќта кон петокот се украдени четири компјутери и два монитора. Кражбата е изведена во основното училиште „Гоце Делчев“, чија влезна врата била насилно обиена по што крадците го имале полесниот дел од работата.
Во саботата, пак, 30-годишник жител на струшкото село Мислешево доби кривична пријава за дело „изнуда“. Тој на 11-ти јануари закажал средба со познаник од селото Подгорци за да склучат договор околу продажба на автомобил. Меѓутоа, мислешевецот на средбата физички го нападнал потенцијалниот муштерија, одземајќи му 10 евра и 150 денари и со закани побарал од нападнатиот да му даде илјада евра, наводен долг од претходен судски спор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

