Свет
(Видео) Експлозија на гас во трговски центар во Флорида, има повредени
Над 20 лица се повредени при експлозија на гас во трговски центар во местото Плантејшн на југот од Флорида, соопштија властите.
Телевизијата „Еј-би-си“ наведе дека две лица се потешко повредени.
Епилог од експлозијата се скршени прозорци и остатоци расфрлани до 100 метри околу објектот, додека соседната зграда е целосно уништена.
Локалната полиција ги замоли граѓаните да го избегнуваат погоденото подрачје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Пожар во складиште за нафта на Крим: Русите велат човечки фактор, Украинците тврдат дека се дронови
Во Феодосија на југоисточниот дел на Крим е прогласена вонредна состојба поради пожар што избувна во складиште за нафта, соопшти денеска градската управа на каналот Телеграм, нагласувајќи дека пожарот го предизвикале „човечки раце“.
На местото на настанот се испратени спасувачи, но нема повредени, соопшти локалната самоуправа, пренесува РИА Новости.
The Russian oil depot was destroyed in Feodosia, Crimea pic.twitter.com/lMJ44KeTKr
— PS01 △ (@PStyle0ne1) October 7, 2024
„Според информациите од Одделот за цивилна одбрана и вонредни состојби при градската управа на Феодосија, воведена е вонредна состојба предизвикана од човечки фактор“, се наведува во соопштението.
Украинците тврдат дека се нивните дронови.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC.
Епицентарот се случил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Свет
Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут
Израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут, при што е извршено најинтензивното бомбардирање на либанската престолнина откако Израел ја засили својата воена кампања против поддржаното од Иран – либанско шиитско движење Хезболах.
Во текот на ноќта силни експлозии одекнуваа низ различни делови на Бејрут, а небото беше осветлено со црвени и бели светла, како молњи, кои се гледаа од неколку километри.
Израелската армија соопшти дека нејзините воздушни сили извршиле „серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут.“
Либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите.