Спорт
Медицинските тестови на Астори биле „фалсификувани“!
Од Италија доаѓа вознемирувачка приказна на весникот „Ла национе“, кој тврди дека полицијата истражува неколку доктори за фалсификување на медицинските тестови на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина на 4 март 2018 година.
31-годишниот Астори почина во сон во хотелска соба пред мечот со Удинезе пред повеќе од една година, и иако се појавија неколку објаснувања за неговата ненадејна смрт, сѐ уште има многу нејаснотии околу тоа како му било дозволено да продолжи со кариерата и покрај нерегуларностите на работата на срцето.
Според весникот, полицијата како главен обвинет го има професорот Џорџон Галанти, последниот лекар кој ја потпишал дозволата за игра на Астори на 10 јули 2017 година. Се тврди дека овој документ потоа бил фалсификуван на 19 април 2019 за да изгледа дека Галанти ги направил сите медицински тестови, кои не биле направени. Според овој извештај, фалсификувањето го направил соработник на Галанти во обид да ги покрие траговите на негрижа.
Смртта на Астори можела да се избегне, двајца доктори заработија тужби (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шок во Херниг, браќата Кошта ја решија Данска
Португалија ја победи Данска со 31:29 (12:11) и го освои прворо место во Б групата. Во следната фаза Португалија носи два бода, Данска во новата група, во која се Франција, Норвешка, Германија и Шпанија ќе влезе без бодови.
Португалците, во Хернинг, одиграа нестварен натпревар, не подлегнаа на притисокот, ниту во моментите кога Днаците во второто полувреме неколку пати имаа предност од два гола.
Данците едноставно немаа решение за браќата Кико и Мартин Кошта, двајцата постигнаа по девет гола. Херој од сенка е десното крило Ареја, кој постигна два гола во самиот финиш, двата од тешки позиции и голманот Капдевил кој одбрани зицер, на две минути пред крајот.
Данците не може повеќе бидејќи имаа само еден расположен играч, Матијас Гидсел (осум гола), најблиску до него беше Расмус Лауге со четири.
Foto/ EPA
Спорт
Драма во Монако со среќен крај за Црвена звезда
Кошаркарите на Црвена звезда, по едно продолжение славеа победа во Монако со 100:96. Црвена звезда ја прекина серијата од шест победи во која беше тимот на Монако, сега има скор 13-10, додека екипата од малото кнежевство е на 15-8.
Фантастичен натпревар одиграа двата тима, пол но пресврти и едно продолжение. Црвена звезда, во еден период од втората четвртина имаше предност од 18 поени, Монако до крајот на првиот дел се врати во мечот, ја спушти негативата на шест поени.
Вториот дел им припадна на домашните играчи, Монако ја анулира предноста на притивникот и го презеде водството. Во последната четвртина, Монако имаше водство од 10 поени, а на неполни две минути до крајот резултатото беше 90:83.
Црвено-белите волшебно се вратија, а со поените на Батлер изедначија. На 12 секунди до крајот напад имаше Монако, но Џејмс не годи тројка.
Во продолжението Црвена звезда делуваше подобро, бргу се одпели на шест поени разлика, на што Монако немаше одговор.
До победата Црвена звезда ја предводеше Ебука Изунду,со 22 поени и 12 скока, го следеше Џордан Нвора со 18 поени и шест скока, додека Семи Оџелеи имаше 16 поени и четири скока.
Покрај нив, се истакна и Коди Милер-МекИнтајр, кој постигна осум поени и шест скока и додаде 11 поени.
Најефикасен кај Монако беше Алфа Диало со 19 поени, Мајке Џејмс уфрли 14, а поен помалку забележаа Џером Блосонгејм и Ели Окобо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Боде/Глимт го нокаутира Манчестер Сити
Боде/Глимт го победи Манчестер Сити со 3:1 (2:0) во претпоследноот коло, во Лигата на шампионите. Екипата од северот на Норвешка на импресивен начин ја забележа првата победа во клупсата историја во елитното натпреварување. Со овој триумф Боде/Глимт ги задржа шансите за пласман во плејофот, а во исто време „граѓаните“ ги компромитираа своите шанси за пласман во Топ 8.
Дека Сити ќе доживее класичен нокаут во Норвешка беше јасно кога Хег постигна два гола во интервал од 120 секунди. Напаѓачот на Боде/Глимт погоди во 22-та и 24-та минута.
Дебаклот на Сити го комплетира најдобриот домашен играч Хауге во 58-та минута. Неполи 100 секунди подоцна Шерки го намали резултатот, но поразот на „граѓаните“ го потпиша Родри.
Искусниот Шпанец во 60 секунди доби два жолти каротни. Со играч помалку Сити до крајот не успеа да направи апсолутно ништо и Боде/Глимт дојде до сензационална победа.
Foto/ EPA

