Македонија
Франција сѐ уште не донела одлука дали ќе нѐ поддржи за старт на преговорите со ЕУ

Франција сѐ уште не одлучила дали ќе ја поддржи Македонија за старт на преговорите со Европската Унија. Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние во интервју за Радио Слободна Европа, рече дека францускиот став на таа тема сè уште не е донесен, меѓутоа тие се на нашата страна во однос на евроинтеграциите.
Тимоние нагласи дека Париз е подготвен да помогне за олеснување на процесот за пристапување во Унијата, иако верува дека патот не е едноставен и не знае колку долго ќе трае.
Запрашан дали Македонија и Албанија се заложници на желбата на францускиот претседател Емануел Макрон за реформирање на ЕУ, Тимоние изјави дека треба да се види контекстот, во кој што говорел Макрон во однос на прпоширувањето на Западен Балкан и реформите во Унијата.
„Тоа беше тежок момент, за среќа успеавме да го надминеме за назначувањето на новите лица на Европската унија“, рече Тимоние.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, се уште не е пронајдено. Известени се МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК.
Во текот на вчерашниот ден потрагата по исчезнатото лице се одвиваше во реонот на село Степанци. За денеска ќе нема организирана потрага, освен од страна на неговите поблиски роднини и пријатели. Но, за утре, ќе се организира потрага на поголем реон. Планирано е да бидат вклучени од страна на МВР 10 полицајци, потоа 10 извидници – членови на Извиднички одред „ЕКВИНОКС – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, а и роднини на исчезнатото лице.
Инаку, лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на топло време со пораст на температурите. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h).
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (Петок ) без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, ул. Ѓорѓи Капчев 7,5,13,9,3,15 (Општина Аеродром).
· Oд 09:00 до 14:00 часот, ул.Христо Татарчев. 27,26,24 (Општина Кисела Вода)
· Oд 09:00 до 16:00 часот, корисниците во Кисела Јабукана на ул. 44,46,54,62,64,66 (Општина Ѓорче Петров).