Македонија
Од среда пад на температурите за 6 до 8 степени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/sonce-41217.jpg)
Денес и утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на град и засилен ветер.
Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса в среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6-8 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
На Табановце, за влез во Македонија се чека околу 20 минути
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез во Мaкедонија, време на чекање околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dozd-aerodrom.jpg)
Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и источните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. UV=7
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.
И во четврток ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.
Скопје
Без вода дел од општината Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/slavina-cesma-voda-2.jpg)
ЈП Водовод и Канализација информира дека денеска поради уличен дефект од ф – 400 мм на улицата 1670 во Ново Село, дел од општината Ѓорче Петров ќе остане без вода.
Прекинот на водоснабдување ќе биде во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот. Без вода ќе останат корисниците од улицата Лука Геров, како и корисниците од населбите Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман и Никиштани во општина Ѓорче Петров.