Свет
(Видео) Авантурист се качувал на највисоката зграда во Западна Европа
Лондонската полиција била повикана денеска кај облакодерот „Шард“, откако авантурист бил фатен обидувајќи се да се искачи по фасадата на највисоката зграда во Западна Европа, пренесува РТ.
Два полициски возила, две амбулантни возила и беспилотни летала биле испратени на местото на настанот. Снимките покажуваат неидентификуван човек во близина на врвот на зградата, која има 95 ката, висока околу 310 метри. Во кулата „Шард“, која гледа кон лондонскиот мост, се сместени ресторани, канцеларии и хотел.
BREAKING: A man has been spotted climbing to the top of London's Shard this morning. Police say he is now inside and talking to officers. pic.twitter.com/N48TeXvCHV
— talkRADIO (@talkRADIO) July 8, 2019
Портпаролот на Метрополитенската полиција, Дејвид Кевин Вилијамс, објасни дека полицајците успеале да го убедат авантуристот да влезе во зградата. Нема информации за тоа дали човекот е уапсен.
Од метрополитенската полиција претходно изјавија дека пристигнале на местото откако биле известени дека еден човек се качувал по „Шард“ без никаква безбедносна опрема, посочува „Дејли мејл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вети олеснување на прописите во САД за поседување оружје што ги воведе Бајден
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс. „Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп.
„Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.Националната асоцијација за пушки (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.