Свет
Поради закани со насилство пропадна телемостот меѓу Киев и Москва
Украинската телевизија „Њузван“ го откажа телемостот Киев-Москва поради закани со физичко насилство кон вработените, соопшти телвизијата.
„Поради директни закани со физичко насилство кон телевизијата, новинарите и кон нивните семејства, ‘Њузван’ го откажува телемост ‘Треба да разговарамe’. Нашиот обид да организираме платформа за расправа за неполитичките прашања на обичните луѓе што никогаш не го доведувале во прашање територијалниот интегритет на Украина, без политичарите и омразените пропагандисти, доведе до тоа во последно време низа политички партии да покренат силен информациски напад против нашата телевизија“, објави телевизијата на својaта интернет-страница.
Во соопштението се наведува и дека по објавувањето на информацијата за телемостот, уследиле изјави за протести пред зградата на телевизијата, а имало и директни закани со физичко насилство кон новинари и нивните семејства.
Украискиот претседател Владимир Зеленски, во меѓувреме, изјави дека телемостот меѓу Украина и Русија е евтин, но опасен предизборен пиар, насочен кон поделба на земјата на два табора.
„Најавениот телемост е само евтин, но и опасен пиар-потег пре изборите чија цел е повторно да нè подели на два табора. Едан табор политичари ќе рече – ‘секако, ајде да разговараме, треба да ги заборавиме навредите, ние сме братски народи’. Во вториот табор политичарите ќе повикаат на огорченост и, под алиби на патриотизмот, ќе заработат поени на изборите“, се вели во обраќањето на Зеленски на неговата страница на Фејсбук.
Претходно, прес-службата ВГТРК соопшти дека на 12 јули ќе се одржи телемост меѓу студијата на телевизиите „Русија 1“ во Москва и „Њузван“ во Киев под наслов „Треба да разговараме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.