Црна хроника
Разбојништва во Скопје и Велес

Момче од Охрид под закана со нож е ограбено во центарот во Скопје во петокот навечер, а на ист начин подоцна вечерта е ограбена и сендвичара во Велес
Во петокот околу 18,30 часот, во Скопје на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, во близина на Железничката станица, две лица извршиле разбојништво над 23-годишно момче од Охрид, откако ток од банкомат извадил пари. Засега непознатите напаѓачи по кои трага полицијата физички го нападнале охриѓанецот и со нож го раниле во левата рака, му го одзеле паричникот во кој имал 12.500 денари и побегнале.
Подоцна вечерта, околу во 21,15 часот во Велес, на ул.„Кресненско востание“ во сендвичарата „Четворка“, исто така засега непознат сторител извршил разбојништво над 29-годишната вработена, одземајќи и 10 илјади денари, откако влегол во сендвичарата и со закана со нож и’ наредил да му ги даде парите. Откако му кажала дека парите се во фиоката, сторителот ги одзел и побегнал./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.