Свет
Трамп не сака да работи со британскиот амбасадор, Британија застана во одбрана на својот дипломат
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека повеќе не сака да работи со британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, кој претходно ја критикуваше администрацијата на Трамп дека е дисфункционална и неспособна.
„Не го познавам амбасадорот, но за него не мислат добро во САД и не им се допаѓа. Нема да имаме повеќе работа со него“, напиша Трамп на Твитер и во истата објава ја критикуваше британската премиерка во заминување Тереза Меј.
….thought of within the U.S. We will no longer deal with him. The good news for the wonderful United Kingdom is that they will soon have a new Prime Minister. While I thoroughly enjoyed the magnificent State Visit last month, it was the Queen who I was most impressed with!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 8, 2019
По објавата на Трамп, британската Влада му изрази целосна поддршка на својот амбасадор во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Без поддршката на Западот, војната во Украина ќе завршеше за 15 дена
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска изјави дека војната во Украина ќе заврши за 15 дена доколку западните сојузници престанат да ја поддржуваат таа земја.
„Многу луѓе сакаат војната да заврши што е можно поскоро. За почеток, самите Украинци. Но, важно е како. Ако престанеме да ја поддржуваме Украина, за петнаесет дена војната ќе заврши и рускиот претседател Владимир Путин ќе ги постигне неговите цели, но дали тоа е она што го сакаме за Украинците и за безбедноста на нас Европејците? – изјави шефот на европската дипломатија во интервју за шпанскиот весник „20 минути“.
Тој повтори дека сојузниците мора да направат се што е во нивна моќ за, кога ќе дојде време за преговори со Русија, Украина да ги води „под услови поволни за суверенитетот и територијалниот интегритет“.
Свет
Шолц: Германија стои до Израел, мора да се спротивставиме на терористите на Хамас
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија стои на страната на Израел, нагласувајќи дека мора да се спротивстави на терористите на Хамас.
Тој ова го рече на отворањето на Меѓународната конференција за одржливост што се одржува во Хамбург и посочи дека официјален Берлин го поддржува прекинот на огнот, ослободувањето на заложниците и почетокот на политичкиот процес, дури и ако тоа изгледа потешко од кога било.
– Решението со две држави може да биде единствена цел за секој политички процес – рече Шолц.
Според него, изминатата година на војна, му донесе незамисливо страдање на палестинското население во Појасот Газа.
„Хезболах и Иран мора веднаш да ги запрат нападите врз Израел“, рече Шолц и предупреди дека овие напади претставуваат уште една ескалација во инаку тензичната ситуација на Блискиот Исток.
Израел денеска ја одбележува првата годишнина од нападот на палестинската милитантна група Хамас, а израелскиот претседател Исак Херцог го започна денот со едноминутно молчење во Кибуц Реим.
Во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година загинаа најмалку 370 луѓе, а во војната што тогаш избувна и се уште трае, до крајот на септември годинава загинаа повеќе од 43.000 луѓе, од кои 41.431 Палестинци, најмногу во Појасот Газа.
Повеќе од половина од зградите во Појасот Газа се уништени, а речиси целото население на Газа е раселено – приближно 2,3 милиони луѓе.
Свет
Бербок не исклучува можност дека Украина со германско оружје ќе напаѓа воени објекти во Русија
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека не ја исклучува можноста Украина да нападне воени објекти во Русија со оружје од германски залихи во самоодбрана.
Бербок изјави за германскиот јавен радиодифузен сервис АРД дека не сака јавно да разговара за тоа колку длабоко нападите би можеле да допрат до руска територија.
Германската министерка истакна дека не треба да се дефинираат конкретни растојанија како „десет, 40 или 200 километри“, бидејќи, како што наведе, руската армија може да има корист од тоа.