Вести
Давутоглу: Само Сиријци може да одат во Кобане

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу изјави дека само на Сиријците им е дозволено да ја минат турската граница и да се борат во Кобане (Ајин ал Араб, на арапски) кој е третиот курдски град по големина во северна Сирија на самата граница со Турција и кој повеќе од три седмици се наоѓа во опсада на џихадистите од исламската држава, со што о одби повторениот апел од западот, овојпат од Франција да отвори поширок коридор за курдските доброволци кои сакаат да им помогнат на бранителите на градот.
„Оние кои доаѓаат од Сирија може да се приклучат во борбата“ за Кобане, изјави турскиот премиер Ахмед Давутоглу за новинарите и повтори дека неговата влада одбива поминување на други државјани, особено на турски, алудирајќи на турските Курди кои сакаат да им помогнат на сонародниците во сириски Кобане. Претходно Анкара не им дозволуваше ниту на бегалците кои побегнаа пред џихадистите да се вратат во Кобане. Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени претходно во средата дека Турција „апсолутно мора да ја отвори својата граница“ за да се спречи падот на сирискиот курдски град од кој заедно со неговата околина пред џихадистите од Исламската држава најмалку 180 илјади луѓе пребегнаа на блиската турска територија.„Неприфатливо е да се бара од нас да ги отвориме границите без одредување што точно тоа значи. Неприфатливо е да се зборува дека Турција е одговорна за кризата, бидејќи таа не го отворила своите граници. Тоа е лесно да се зборува од Париз, а знаат ли тие што се случува на теренот?“, порача Давутоглу, пренесе CNNTurk.„Не ги пропуштаме турските државјани да влезат во Сирија, бидејќи не сакаме да учествуваат во сирискиот судир, И настојуваме да ги блокираме оние коишто тоа се обидуваат да го сторат илегално“, повтори шефот на турската влада.Анкара не им дозволува на борците на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК), чии позиции во понеделникот ги бомбардираше поради судири со турските сили кај Дијарбекир, да прејдат во Кобане преку нејзината територија. Приодот до Кобане инаку е можен само преку северната страна преку само километар оддалечената турска граница, што ги разгневи турските Курди кои се заканија дека ќе ги прекинат мировните преговори со Анкара започнати во 2013 година, со кои требаше да се стави крај на нивниот бунтот започнат во 1984 година во кој досега загинаа над 40 илјади луѓе.Турција досега одбиваше воено да интервенира против џихадистите за да не го помогне сирискиот шиитски претседател Башар ал-Асад, против кого војуваат сунитските бунтовници од опозицијата кои ги поддржува, како и да не ги засили Курдите. Анкара всушност ја условува својата интервенција со создавање тампон зона и зона на забранети летови во северна Сирија, којашто таа ќе ја контролира./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.