Регион
Сребреница одбележува 24 години од геноцидот
Илјадници луѓе од раните утрински часови се собираат денеска во Сребреница во Iсточна Босна, каде во текот на денот ќе биде одбележна 24-годишнината од масакрот спроведен против Бошњаците од таа област во јули 1995 година, спроведен од страна на војската и полицијата на босанските Срби, предводени од генералот Ратко Младиќ.
Како што информира хрватски „Индекс“, стотици автомобили и автобуси ги преплавиле тесните патчиња кои водат кон местото, каде што денес, според официјалните резултати од последниот попис во 2013 година, живеат нешто повеќе од 13 илјади жители, од кои околу седум илјади Бошњаци и шест илјади Срби. Пред војната, Сребреница имала дури 36 илјади жители, од кои 27 илјади се декларирале како муслимани.
По падот на заштитената зона во Сребреница во 1995 година, како загинати или исчезнати биле пријавени 8.372 луѓе, а оваа бројка е врежана на мермерната плоча поставена во рамки на меморијалниот комплекс во Поточари, како постојан потсетник на размерот на извршенoто злосторство.
Во текот на денот на гробиштата во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на 33 жртви, чии тела се пронајдени последниве години во масовни гробници, а потоа биле идентификувани преку споредување на ДНК-примероци од коскената срцевина со оние добиени од крв на преживеани роднини.
Најстарата жртва која ќе биде погребана на 24-годишнината од геноцидот е старицата Шаха Цврк, која во времето кога била убиена имала 82 години, а најмладата жртва е Осман Цврк момче кое во 1995 година имало само 16 години.
Од масовни и индивидуални гробници во Босна и Херцеговина, но и Србија, досега се ексхумирани телата на 7.119 жртви, а од нив 6.610 веќе се погребани во Поточари.
Дел од ексхумираните тела сè уште не се погребани по барање на семејствата и се чека комплетирање на скелетот, бидејќи се пронајдени само некои делови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.
Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.
Никад у бољој форми. pic.twitter.com/Vh2A3e3E3v
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 22, 2026
Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.

