Европа
Велосипедист налетал на Хан и му се заканил дека ќе му удри шлаканица

Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, имаше непријатно искуство во Виена, кога еден велосипедист најпрво налетал на него, а потоа му се заканил дека ќе го удри со шлаканица.
Според виенски „Курир“, велосипедистот му се заканил на Хан дека ќе го плесне по расправија што се случла во време кога еврокомесарот со партнерката, Сузан Рис Пасер, шетал низ центарот на градот.
Инцидентот се случил во близина на катедралата Штефансдом, кога велосипедистот влетал со голема брзина во група пешаци, вклучувајќи ги и Хан со неговата партнерка.
Хан изјавил дека велосипедистот возел со брзина од најмалку 50 километри на час, а бидејќи во тие моменти го турнал, европскиот комесар му рекол дека не може така да се однесува и дека тоа не е место за диво возење велосипед.
Ситуацијата потоа ескалирала, а велосипедист се вратил и на Хан му се заканил со зборовите: „Ќе добиеш шлаканица и тоа веднаш“.
„Курир“ пишува дека изјавите на очевидците во врска со овој настан се разликуваат.
Некои сведоци за весникот изјавиле дека Хан и велосипедистот си размениле навреди, па дури имало и кошкање.
Исто така во целото превирање учествувала и партнерката на Хан.
Хан тврди дека од нападот на велосипедистот се одбранил со рака, за да се заштити.
Тој вели дека велосипедистот дивеел со возењето, а учеството на неговата партнерка се свело само на тоа што од него побарала да продолжи понатаму.
Сузан Рис, кој е шефица на австриското осигурување „Вистенрот“, рече дека целиот настан не траел ниту две минути, и верува дека приказната стигнала до медиумите само за да му нанесе штета на угледот на Хан и на неговите шанси во уште еден мандат да биде европски комесар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин