Македонија
(Видео) Заев: Пранковите од комичарите не значат дека Русија води специјална војна против земјава

Овие пранкови и местенки кои ми беа направени мислам дека се приватни, а не акти на Руската Федерација, рече Заев на отворање на бензинска пумпа во Арачиново, настан на кој присуствуваше и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.
„Не смеат вакви работи да се испречат пред нашите пријателски односи со Русија“, порача премиерот и додаде дека Русија не води специјална војна против Северна Македонија.
Заев потврди дека со рускиот амбасадор денес ќе имаат средба договорена од пред десетина дена. Пред новинарите објасни дека вчера разговарал со Тачи и Вучиќ и им се извинил ако некој се навредил од изјавите за Косово и Србија во објавениот телефонски разговор со лажниот Порошенко.
“Зборувавме со Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Сакам уште еднаш да ја исористам приликата ако со изјавата сум ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа. Ние сме исклучително пријателски земји. Јас се надевам, барем така чувствувам, дека сум пријател на граѓаните на Косово. Никогаш не сме имале детали за преговарачкиот процес, како што и претходно изјавив. Сето тоа што е тема на разговори во кои било кулоари кога разговараме од она што е пристутно во јавноста и слично“, рече Заев.
Рускиот амбасадор Баздникин, кој присуствуваше на отворањето на бензиската пумпа, си замина без изјава за медиумите.
Во дел од говорот на настанот амбсадорот рече дека Русија е заинтересирана за инвестиции и соработка со Северна Македонија и дека сакаат продлабочување на соработката на, како што кажа тој, двата братски народа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи во текот на денешниот ден, известува УХМР.
Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, стабилизирање на состојбата со водостојот и постепено повлекување на водата.
Значително е висок водостојот на река Вардар по целото нејзино течение, од горниот дел во Полошката Котлина, во градот Скопје и низводно накај Велес во средниот и долниот дел од сливот во Демир Капија и Гевгелија. Во текот на денот се очекува и понатаму да остане висок водостојот посебно во средниот и долниот дел од сливот каде би се префрлил водниот бран.
Висок е и водостојот на река Треска каде околу месноста Пласница е можно локално излевање на реката и поплавување на околните ливади. Во текот на денот се очекува постепено стагнирање на водостојот на река Треска, но тој да продолжи да биде висок. Исто така, висок е водостојот на река Струмица по целото течение на реката, а пред се поради врнежите во Косово и река Лепенец бележи зголемен водостој во текот на изминатава ноќ и изутринава кој во текот на денот се очекува да биде во намалување. Доколку денеска на одредени места врнежите бидат поројни можно е да се очекува брз и рапиден пораст на водостојот на помалите реки и суводолици, соопшти УХМР.
Од таму предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.
Македонија
Водовод и канализација – Скопје: Последен ден од акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува денес.
„Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започна од 17.02.2025 година, а завршува заклучно со 02.04.2025 година.
Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:
02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje
Македонија
Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што истата е излеана преку мостот кај н.м.Љубош и низводно, и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци, како и делови кон Пинтија.
Исто така пријавено е и поплавување на дел од булеварот Борис Трајковски кај населба Пинтија, каде исто така имало пријави за поплавени магацини. Според информациите од лицето за контакт од ЕЛС Студеничани, интервенираат службите на ЕЛС Студеничани со локалните фирми, а исто така на терен има и претставници од ЕЛС Кисела Вода.
Во текот на ноќта, на Единствениот број за итни повици 112 добиени се и пријави за поплавени куќи во Горно Лисиче (општина Аеродром), каде интервенира ЕЛС Аеродром.
Исто така, на поплавените места интервенираат и БППЗ на град Скопје и Јавните претпријатија на град Скопје и ЕЛС.
АМСМ известува дека непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче према село Долно Лисиче (општина Аеродром) и првиот мост во село Батинци (општина Студеничани).
ЈСП Скопје, известува дека поради поплавите од Маркова река, автобусот со број 70 сообраќа до почетна/крајна станица Дризла и автобусот со број 33 преку населба Драчево во двете насоки.
Македонски железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај, од 22:50 часот е во прекин во правец на Лисиче и Драчево и обратно, додека патничкиот сообраќај се одвива преку станицата Трубарево.