Македонија
Промоција на Извештајот за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација
Мрежата за заштита од дискриминација денеска ќе го промовира Извештајот за имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2011-2018). Промоцијата ќе се одржи во 11 часот во хотелот „Солун“.
Целта на извештајот е да се оцени функционалноста на постојните правни и институционални механизми за заштита од дискриминација, со фокус на имплементацијата на Закон за спречување и заштита од дискриминација од 2010 година и функционалноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Подготвениот извештај дава преглед на севкупното досегашно работење на КЗД, ги идентификува позитивните и негативните аспекти во имплементацијата на ЗСЗД, а воедно тој претставува и основа за компарација на понатамошното работење на новата комисија во остварувањето на нејзиниот нов пропишан мандат. Извештајот овозможува идентификување на клучни препораки со цел надминување на досегашните недостатоци при имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Анализата е дел од заедничката акција на Мрежата за заштита од дискриминација за следење на процесот на усогласување на националното законодавство со европското во делот на антидискриминацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

