Македонија
Министерот за животна средина Нуредини се сретна со францускиот амбасадор Тимоние
Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини се сретна со aмбасадорот на Франција Н. Е. Кристијан Тимоние. На средбата беше потврдена досегашната поддршка и соработка од страна на Франција, како и заложбата за понатамошно развивање на билатералната помош со потпишување на билатерален договор за соработка од областа на животната средина.
Амбасадорот Тимоние посебно ја истакна спремноста на Франција да ја поддржи нашата држава во исполнување на критериумите за зачувување на Охрид на листата на УНЕСКО (чие седиште е во Париз) како светско културно и природно наследство.
Исто така, се разговараше и за статусот на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Градот Скопје, како многу значаен инфраструктурен проект со кој ќе се придонесе не само за заштита на животната средина, туку и за подобрување на квалитетот на животот на жителите на Скопје и на целата држава. Подготовката на проектната и тендерска документација за овој проект која се реализира со поддршка на Француската Влада е во завршна фаза, односно треба да биде завршена до крајот на 2019 година. Реализацијата на овој проект е тесно поврзана со проектот финансиран со ИПА средства за изградба на колекторскиот систем за Град Скопје, кој започна во јануари 2018г., а треба да заврши во фебруари, 2020 година.
Министерот Нуредини, од друга страна се заблагодари за поддршката што Министерството ја добива во изминатите години од Франција и изрази уверување дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина и ќе резултира со успешна реализација не само на овие, туку и на многу други идни проекти .
Во разговорите се отвори и прашањето и се потврди подготвеноста на Француската Влада да ги поддржи активностите на Република Северна Македонија за исполнување на барањата за членство во Европската Унија за Поглавјето 27, преку претставување и достапност на Француската Агенција за развој со регионално седиште во Белград .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.
Македонија
(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите.
„Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови“, кажа претседателот на СДСМ.
Тој упати честитка до сите градоначалници од сите политички партии.
Филипче информираше дека во изминатите две недели, пред вториот круг на изборите, се вршел огромен притисок на сите кандидати од СДСМ во 17 општини кадешто влегле во вториот круг.
„Не се бираа ниту средства, ниту методи, тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото“, изјави Филипче.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, јасно е какви промени треба да се направат, а следните денови тоа ќе се случи“, додаде претседателот на СДСМ.
Македонија
(Видео) Максим Димитриевски: Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово
Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на изборите.
„Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово“, рече тој вечерва.
Се заблагодари на сите за поддршката и кажа дека ја примил честитката од неговиот противкандидат.
„Моја обврска е да продолжам да работам за мое Куманово, но и ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. Што се однесува до ниската излезност пораката е сфатена. Оваа победа не беше лесна со оглед на тоа што знаевме кој е на другата страна и кои лоби и групации ги поддржуваа“, кажа Димитриевски.
Противкандидат на Димитриевски во трката за градоначалник беше Горан Стојковски – Диро, независен кандидат.

