Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори дали пред да се сретне со Тил Силберстин го провериле неговото досие
Владиниот кабинет наместо за средби со инвеститори, служи за средби на Зоран Заев со сомнителни ликови со дебели досиеја, инволвирани во меѓународни скандали, оценува ВМРО-ДПМНЕ осврнувајќи се на разговорите на премиерот со комичарите.
„Пораките од Заев до лажниот Порошенко кои беа објавени во медиумите покажуваат дека тој во владата одржувал средби со Тал Силберстин, човек инволвиран во скандалот поради кој падна владата на Себастијан Курц во Австрија, земја која е докажан пријател на Република Македонија. Покрај тоа, Силберстин со кого Заев се фали дека се среќавал е човек против кого се водат криминални процеси во Израел и Романија и тоа за перење пари, поткуп, попречување на правда како и за нелегално организирање финансирање на политички изборни кампањи. Воедно неговото име како обвинет се среќава и во Гвинеја каде се вели дека за случајот со Романија учествувал во поткуп на претседателот заедно со други лица се стекнале со рудник вреден милијарди долари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Опозицијата бара од Заев да одговори дали пред да се сретне со Тил Силберстин го провериле неговото досие и знаеле со каков човек имаат работа. Јавноста треба да знае што барал ваков човек на средба во владата на Република Македонија.
„Колку пати Заев се среќавал со него и дали постојат записници од тие средби? Зошто Заев се среќавал со човек против кој се водел процес дека добил 400.000 евра за пропаганда со лажни вести? Дали го користел за да му креира лажни вести за референдумот или за време на претседателските избори? Колку пари овој човек ги чинеше македонските граѓани за неговите услуги?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата додава дека во оваа влада на Заев не постојат никакви безбедносни протоколи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

