Спорт
Михајловиќ: Имам леукемија, но ќе се борам до крај и ќе ја победам!
Синиша Михајловиќ на прес-конференција во Болоња потврди дека боледува од леукемија, но најави дека ќе продолжи да работи како тренер на фудбалскиот клуб додека се лекува. 50-годишната легенда на српскиот фудбал не се појави на тренинг-кампот пред стартот на сезоната.
„Ја организирав оваа прес-конференција бидејќи сакав прво вестите да им ги соопштам на играчите, но и на сите вас. За жал, не сите го почитуваа моето барање за приватност за да продадат неколку стотина повеќе весници го уништија пријателството кое траеше со години. Имам леукемија, но ја почитувам болеста. Едвај чекам да одам во болница и да почнам со борбата. Немам сомнеж дека ќе победам. Најтешко беше да се скрие од мојата сопруга. Имав треска и таа не веруваше во моите приказни бидејќи знаеше дека обична болест не би ме спречила да одам на тренинзите. Кога ги добив вестите, беше вистински удар. Седев таму и плачев со денови, животот ми поминуваше пред очи. Но, како и секогаш треба да се нападне за да се победи. Ако седиш и се браниш, веднаш ќе го изгубиш. Ја користев таа тактика во фудбалот и ќе ја добијам оваа битка. За мене, за моето семејство, за моите деца, за тие кои ме сакаат. Добив 600-700 пораки во последните неколку дена и се извинувам што не одговорив“, изјави емотивно Михајловиќ.
Тој исто така посака да ја крене свесноста за ракот и за раната дијагноза.
„Тренирав секој ден до мај, патував насекаде и играв фудбал и не почувствував умор и болка. Мојот татко почина од рак, така што знам дека треба постојано треба да се тестирам. Никој од нас не е неуништлив. Се надевам дека ќе помогнам и другите да почнта да се проверуваат постојано. Јас бев совршено здрав, но сега сум тука. Животот ти се менува во момент“, додава Михајловиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

