Контакт

Европа

Ѓубре го задушува Рим, на улиците се шетаат стаорци

Објавено пред

Огромините количини ѓубре, од каде што се гостат стаорци, предизвикуваат загриженост за јавното здравје во Рим, а лекарите ги предупредуваат семејствата да го избегнуваат ѓубрето расфрлано по должината на тротоарите. Граѓаните разочарани од ажурноста на градската управа, дури почнале бизарен избор за најсмрдливи канти за ѓубре, пренесува хрватски „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

Туристите што го посетуваат Рим во голем број се принудени да се движат меѓу преполните канти, а остриот мирис на ѓубрето особено се шири за време на топлите денови и како да потсетува на опасноста од ширење заразни болести во Вечниот град.

Шефот на градскиот здравствен завод, Антонио Маги, издаде хигиенско предупредување и нагласи дека тоа би можело да се претвори во предупредување за опасност врз здравјето на граѓаните доколку болести почнат да се шират по пат на изметот од инсектите и другите животни што се хранат од насобраното ѓубре.

Гневните римјани во меѓувреме на „Твитер“ почнаа натпревар за најсмрдлив контејнер во градот.

Кутиите од пица наредени една врз друга, остатоците од шпагети и други оброци, корите од излупено овошје… на римските улици привлекуваат галеби, стаорци, па дури и диви свињи. Исто така, забележани се и волци, кои се приближиле до градот повеќе од кога било, пренесува хрватскиот портал.

Дополнителна огорченост кај жителите на Рим предизвикува високата цена што ја плаќаат за отстранување на отпадот од улиците.

Градот во 2017 година потрошил 597 евра на жител за управување со отпадот, што е највисока сума во земјата и е многу повеќе отколку што за таа намена издвојуваат жителите на Венеција (353 евра) или Фиренца (266 евра).

Но, на Рим му недостига и соодветна инфраструктура. Од трите градски депонии, една е затворена, а во другите две во последните месеци беснеат пожари.

Два објекта за биолошки отпад се затворени поради редовно одржување.

За општата состојба не помагаат ни многуте Римјани кои оставаат стари душеци, фрижидери и лежаи на несоодветни места, веднаш до контејнерите за ѓубре.

Сепак, 50-годишниот римјанин, Салваторе Орландо, вината ја гледа кај градската администрација.

„Се разбира, градоначалничката е виновна. Не можете да ги обвинувате граѓаните. Секаде во светот граѓаните произведуваат ѓубре, мора да го фрлат некаде, а јавните служби се должни да го соберат. Тоа е така. Ние плаќаме даноци за тоа“, нагласува тој.

За лошата состојба со отпадот во Рим коментира дури и папата Франциско, кој рече дека градот страда од деградација и запуштеност.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, шеф на десничарската Лига, веќе почна да ја користи кризата со отпадот во главниот град како дел од политичкиот арсенал пред локалните избори во 2021 година.

Европа

Русија разбира дека е техничка грешка, Вучиќ бргу се извини: Кремљ го коментира гласањето на Србија за европската резолуција за Украина

Објавено пред

Брзата реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ на случајното гласање на неговата земја за антируска резолуција во ОН ја задоволи Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Русија разбира дека се работи за техничка грешка. Се разбира, го слушнавме и го забележавме“, му одговори Песков на новинарот на руската државна новинска агенција „Тасс“, кој го праша дали Кремљ го забележал извинувањето на Вучиќ.

„Се случуваат технички грешки. Се разбира дека ни се допаѓа таква брза реакција од шефот на државата“, додаде тој.

Србија вчера на Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за европска резолуција за Украина. Меѓутоа, претседателот Александар Вучиќ набргу изјави дека неговата земја направила грешка и дека требало да покаже воздржаност.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски ја предупреди Европа: „Ако Украина падне, овие земји се следните цели на Москва“

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, честитајќи ѝ го Денот на независноста на Естонија, предупреди дека земјите со поголемо население со руско потекло би можеле да станат следна цел на Москва.

dobivaj vesti na viber

Како што наведува, најопасниот момент се случува кога источноевропските земји имаат население со руски корени – не затоа што тие луѓе претставуваат закана, туку затоа што Кремљ би можел да ја искористи нивната безбедност како изговор за инвазија.

Тој ги наведе Полска, Словачка, Латвија, Молдавија и Естонија меѓу потенцијално загрозените земји потсетувајќи на слично сценарио од 2014 година кога Русија го анектира Крим и почна инвазија на Донбас, пишува „Скај њуз“.

„На почетокот тврдеа дека не ги окупираат нашите територии, туку го бранат рускиот народ“, рече Зеленски нагласувајќи дека во случај на пораз на Украина сите горенаведени земји би можеле да бидат изложени на ризик поради руската политика и концептот на рускиот свет.

Зборувајќи за иднината по три години војна, украинскиот претседател изрази надеж дека конфликтот ќе заврши оваа година, а не за три. Тој ја истакна важноста на безбедносните гаранции за да се спречи враќањето на руските сили.

„Ако ги притискаме, ги вратиме на нивната територија и ако Украина стане членка на ЕУ и НАТО, тоа многу ќе ни помогне. Мислам дека тогаш нема да се вратат – ќе имаме силна армија, силни сојузници и силно единство“, заклучи Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Поранешниот фудбалер Месут Озил влегува во политиката

Објавено пред

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Реал Мадрид, Месут Озил, влезе во политиката. Пензионираниот германски играч за врска (36) е назначен во Централниот комитет за одлучување и управување на АКП, партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

Озил, кој има турско потекло, беше критикуван во текот на неговата фудбалска кариера поради врските со Ердоган. Тој се повлече од германската репрезентација во 2018 година, откако фотографијата на која се среќава со турскиот претседател предизвика бура од реакции.

Рајнхард Гриндел, кој во тоа време беше на чело на Германскиот фудбалски сојуз, ги обвини играчите дека му дозволуваат на Ердоган да ги „експлоатира“ за политички цели. Некои германски политичари ја доведуваа во прашање лојалноста на Озил кон Германија, сугерирајќи дека тој треба да биде отстранет од репрезентацијата пред Светското првенство во 2018 година, Озил им одговори, обвинувајќи ги дека се расисти.

Поранешниот фудбалер се ожени летото 2019 година, а на свадбата гостин беше Ердоган. Ердоган е на чело на Турција повеќе од две децении – како премиер од 2003 година и претседател од 2014 година. Неговите критичари велат дека тој ја претвори Турција во автократија и ги поткопа човековите права.

Озил, кој го освои Светското првенство со Германија во 2014 година, го напушти Арсенал во турски Фенербахче во 2021 година, пред да се пресели во Истанбул Башакшехир во 2022 година, каде што се пензионираше една година подоцна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата...

Македонија44 минути

Maкедонската Влада во ОН беше усогласена со САД, Мицкоски ја унапреди соработката, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, а СДСМ во очај и љубоморат на сопствената држава, реагира...

Свет1 час

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла...

Македонија2 часа

Меџити за обвинувањата: СДСМ и ДУИ се синхронизирани, не може административна работа да се прикаже како голем скандал

СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се. Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем...

Македонија4 часа

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б. Ф. во својство на сопственик и...

Македонија5 часа

Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи...

Македонија6 часа

„Каде завршија 1,2 милион евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се...

Европа6 часа

Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога во целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине...

Свет7 часа

(Видео) Се урна мост, има мртви и исчезнати: се појави снимка од катастрофата во Јужна Кореја, сè падна врз работниците за секунда

Три лица загинаа, а пет се повредени по уривање на градилиште на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, јави новинската агенција...

Регион7 часа

Србија гласаше за европската резолуција за Украина; Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните

Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека...

Свет8 часа

(Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да биде договорен во наредните...

Свет8 часа

(Видео) Макрон го прекина Трамп за време на прес-конференција

И покрај огромните разлики во ставовите, Доналд Трамп и Емануел Макрон вчера изјавија дека сакаат да работат заедно за да...

Македонија23 часа

Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе

Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...

Македонија24 часа

Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ...

Македонија1 ден

Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од...

Економија1 ден

Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги...

Македонија1 ден

Ако маркетите ги објавуваат цените на сите производи на интернет, купувачите ќе бидат заштитени oд скриени трошоци, рече Стојаноски

Mаркетите да ги објвуваат сите цени на веб-страниците со цел подобра информираност на потрошувачот и олеснување на споредливоста на цените,...

Македонија1 ден

Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со...

Европа1 ден

Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутно херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани...

Европа1 ден

(Видео) Погодена рафинерија во Русија; Гувернерот: Остатоците од дрон го предизвикаа пожарот

Остатоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на...