Општество
Во јуни прв мировен форум на HWPL во Македонија
Првиот мировен форум на јужнокорејската невладина организација „Небеска култура, светски мир“, (HWPL) во Македонија ќе се одржи на 21-ви јуни, беше одлучено на вториот состанок на македонскиот Комитет за заложби за мир минатата недела.
Предвидено е на форумот да има повеќе говорници, меѓу кои и правни експерти, религиски лидери и претставници на Комитетот, кои ќе го потенцираат значењето на Декларацијата за мир и ставање крај на војните (DPCW), документот кој беше подготвен од страна на HWPL и претседателот на оваа организација Ман Хи Ли, и кој досега во светски рамки собра над половина милион потписи.
Говорниците ќе го потенцираат значењето на овој документ за Македонија и за остантите балкански земји и на кој начин тој може да игра улога во помирувањето на балканските нации. Минатата недела, пак, односно на 26-ти мај повеќе од 300 илјади млади во Јужна Кореја и ширум светот ја одбележаа третата годишнина од Декларацијата за светски мир, првичниот документ од кој подоцна настана и DCPW.
Настанот беше одбележан и во Македонија, односно во Скопје и Гостивар. Додека во Скопје се одржуваше вториот состанок на Комитетот за заложби за мир, во Гостивар во организација на јужнокорејската организација „Меѓународна младинска група за мир“ (IPYG), која е дел од HWPL, се одржа промоција на кампањата „Озакони го мирот“.
Повеќе од 50 млади од меѓународниот Универзитет „Визион“ во Гостивар ја дадоа својата поддршка за Декларацијата за мир и ставање крај на војните и повикаа на нејзина што поскора имплементација. Кампањата „Озакони го мирот“ претставува глобално движење кое повикува на обединување на луѓето ширум светот во обид да им се стави крај на војните преку усвојување на меѓународен закон во согласност со DCPW. Се очекува Декларацијата до крајот на годината во светски рамки да собере над два милиони потписи. Декларацијата е достапна и онлајн за сите кои сакаат да ја дадат својата поддршка, а тоа можат да го направат на http://peacelaw.org/.
„Сега е времето за младите во Македонија да станат дел од ова меѓународно движење. Мирот повеќе не е само сон. Потребно е сите да станеме дел од ова движење и станеме гласници на мирот на нашата генерација“, изјави проект координаторот на IPYG за Македонија, Ерин Ли.
Ректорот на меѓународниот Универзитет „Визион“, Фадил Хоча, пак, порача дека оваа институција е горда што е дел од ова движење и повика на поддршка за иницијативата за мир./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

