Македонија
(Видео) Боки 13 со лисици на рацете донесен во судот на распит

Првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, со лисици на рацете во придружба на полицијата беше донесен на распит во Кривичниот суд откако попладнево беше уапсен на граничниот премин Богородица.
Јовановски е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановска заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари.
Шефицата на Одделот за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, на прес-конференција најави дека обвинителството ќе бара притвор за двајцата осомничени.
Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Срамно е Филипче да ги штити националните интереси откако, поради лошите политики на СДС, моравме да менуваме име, знаме и Устав, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Срамно и лицемерно е однесувањето на Филипче и СДС, кои говорат за некаква резолуција, уште пак и за некакво вин-вин решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако можеби заборавиле, дека баш поради нив и нивната меѓународна политика изминативе 30 години, Македонија промени име, знаме и Устав.
Дали тоа вин-вин решение е ние повторно да го менуваме Уставот, а другата страна да продолжи со нови барања? Дали во ова нивно вин-вин решение, има писмени гаранции дека ова е последното барање на Бугарија? Дали оваа резолуција на СДС и Филипче е во интерес на македонските граѓани или само задоволување на бугарските барања“, прашуваат од владејачката партија.
Според нив, СДС и Филипче треба да се засрамат.
„Откако нивниот најголем успех во делот на влез на Македонија во ЕУ, беше селфи во авион, треба да се тргнат настрана и да ја остават работата на оние кои и мислат добро на државата, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
Алијанса за Албанците до Меџити: Избери, министер или кандидат за градоначалник, двете не одат заедно

Изет Меџити, актуелен заменик-претседател на Владата и министер за екологија, е истовремено и кандидат за градоначалник на Општина Чаир. И токму тука лежи суштинскиот проблем: иако ја објави својата кандидатура, Меџити не поднесе оставка од двете високи државни функции кои ги извршува, велат од Алијанса за Албанците.
„Прашањата што се наметнуваат се едноставни:
• Зошто Изет Меџити не поднесува оставка?
• Дали се плаши од пораз на изборите на 19 октомври?
• Зарем не ѝ верува на силата на гласот на граѓаните на Чаир?
• Или решил да си остави „план Б“, односно ако изгуби овде, да продолжи да седи на фотелјата на заменик-претседател на Владата и министер“.
Ова, според Алијанса за Албанците е навредливо за граѓаните, навредливо е за институциите и претставува повреда на принципите на политичката еднаквост.
„Бидејќи Чаир нема потреба од кандидат кој се натпреварува со привилегии од власта, туку од чесна, отворена и транспарентна изборна трка.
Нашето барање е јасно и недвосмислено:
Националната алијанса за интеграција бара итна оставка на Изет Меџити од двете владини функции.
Ако навистина сака да му служи на Чаир, нека излезе пред граѓаните само како кандидат, без власта во џеб и без државни ресурси ставени во служба на неговата кампања.
Чаир нема потреба од кандидат кој се крие зад Владата. Чаир има потреба од визија, искреност и храброст“.
Му порачуваат на Меџити: „Избери: министер или кандидат. Двете не одат заедно!
Секое одложување, секое оправдување, е само доказ за неговиот страв од пресудата на 19 октомври“.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да престане да работи за СДС

ВМРО-ДПМНЕ со повик до обвинителството да престане да работи за СДС и да одговори на СДС и да не ги штити оставајки простор да држат невистинити и непромислени прес- конференции.
„Исто така го повикуваме да одговори зошто после 1 година и кусур нема ниту еден предмет оформено за најкриминалната влада во историјата на државава, владата на СДС и ДУИ, по сите индиции и докази од институциите и по допрен глас, и до кога планира да ги штити и да биде дел од нивното злосторничко здружување“.
Според партијата на власт, овие прес-конференции на СДС кои, како што велат, наликуваат на преплашени зајци зошто се фатени живи, па не знаат што да прават и напаѓаат претајки со се што можат да претаат, и ги проектираат своите стравови кон друг се феномен за психијатриска анализа.