Регион
Колинда ги шокира светските медиуми: Потребно е малку насилство при спроведување на мигрантите
Тема во светските медиуми стана изјавата за претседателката на Хрватска, Колинада Грабар-Китаровиќ, која рекла дека хрватската полиција насилно ги враќа мигрантите од границата и дека потребно е малку насилство при спроведувањето потиснување“.
Таа наводно ова го изјавила неодамна за време на нејзиниот престој во Швајцарија на телевизијата СРФ.
Како што пренесува „Индекс.хр“, проблемот е во тоа што т.н. потиснување или (pushback) е спротивно на меѓунрадоните конвенции што ги има потпишано Хрватска, а користењето насилство во тој контекст е нелегално и по меѓународното и по хрватското право.
Накратко, пренесува хрватскиот портал, претседателката признала дека Хрватска намерно ги крши законите и дека политиката на Хрватска кон мигрантите е таква што на полицијата ѝ се наложува да дејствува противзаконски.
„Сега за тоа пишува и ‘Гардијан’ во статија со наслов ‘Хрватската полиција со примена на насилство протерува мигранти, вели претседателката’, кој нагласува дека добро познатата меѓународна организација за човекови права ‘Хјуман рајтс воч’ бара од Хрватска да ја прекине таквата практика“, наведува порталот.
За оваа изјава на хрватката претседателка пишува и „Дојче веле“, каде што се наведува дека Хрватска систематски негирала нелегално депортирање бегалци во соседна Босна и Херцеговина, но дека хрватската претседателка признала дека полицијата со сила ги тера мигрантите преку границата, пишува „Индекс“.
Изјавата на хрватската претседателка ја пренесоа и други светски медиуми како МСН и „УС брекинг њуз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

