Македонија
(Видео) Ристоска: Постапките на СЈО не се доведени во прашање

Стоиме зад работата што сме ја завршиле до сега. Ве уверувам дека сите постапки за кои има обвинителни акти и за кои има судења не се доведени во прашање, изјави на прес-конференција во СЈО обвинителката Ленче Ристоска, во придружба на сите обвинители, без тројцата отсутни – Фатиме Фетаи, Стевчо Донев и Бурим Рустеми, кои биле на годишен одмор, и без присуство на шефицата, Катица Јанева, која денеска не се појавила на работа.
Таа рече дека се загрижени за случувањата поврзани во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за вмешаност на обвинител од СЈО во влијание за запирање на истрага.
„Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на оваа институција. Секогаш како обвинителски тим, како истражителски тим и како вработени сме постапувале во согласност со законските прописи. Внимателно ги следиме случувањата и се разбира дека во однос на актуелните случувања изразуваме голема загриженост. Апелираме да се почитува пресумпцијата на невиност“, рече Ристоска.
Обвинителката кажа дека се придружуваат на повикот на државниот јавен обвинител дека секое лице засегнато од криминалитет треба да одговара и ги поздравија напорите на надлежните органи да го истражат случајот. Ристоска објасни дека стојат на располагање за соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ако тоа од нив биде побарано.
Јанева денеска не се појавила на работа, а неа ќе ја заменуваат Ленче Ристоска и Елизабета Јосифовска. Ристоска рече дека изјавата е во име на колегите кои се со неа.
„Секој предмет е засебен. Ова значи дека истрагата треба да продолжи, дали сведокот ќе се гони или не, зависи од резултатите на таа истрага. Ако сомнежите се потврдат и дојде до тоа дека сведокот сторил кривично дело, се разбира дека треба да следи обвинение за сведокот. Меѓутоа, доколку не дојдеме до такви сознанија истрагата се запира. Сето тоа, зависи од натамошниот тек на истрагата. Јас не можам да прејудицирам како тоа ќе заврши“, рече обвинителката.
Таа кажа дека има информации, но не појасни точно зошто времето на дејствијата од новата истрага на обвинителката Вилма Русковска кореспондира со времето кога е отворена „Империја“ во СЈО, дали на колегиум било разговарано за предлозите за пуштање на осомничените од притвор во куќен притвор и за поплавата во март во СЈО, во која беа оштетени и документи од случајот „Империја“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска топол ден низ цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе дува и засилен северен ветер.
Минималните утрински температури се движат од 8 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат од 26 до 33 степени Целзиусови. Метеоролозите најавуваат стабилни услови во текот на целиот ден.
Во Скопје, времето исто така ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во одредени делови од котлината и повремено засилен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 14 до 31 степен.
„Очекуваме стабилно време и во следните денови, со претежно сончеви периоди и температури кои ќе останат високи за овој период од годината“, велат од УХМР.
Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет.
1. Македонски Брод – Жарко Ристески.
2. Могила – Драганчо Саботковски
3. Пробиштип – Тони Тоневски
4.Богданци – Марјан Пеев
5. Демир Капија – Наталија Димитриева
6. Росоман – Ѓорги Крстевски
7. Новаци – Стевче Стевановски
8. Дебарца – Златко Силјановски
Пратеникот Антонијо Милошоски по состанокот изјави дека овие 8 кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности кои што својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини. Ним ќе им биде препорачано во следниот период, да си отворат што поголема комуникација со локалните граѓани во општините за да може да поработат директно на терен за составување на програмата која што е потребна за локални избори.
Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца.
„Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните“, рече Милошоски.
За оние кои што се актуелни градоначалници, партијата смета дека дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба.
Македонија
СДСМ: Јавното обвинителство се обиде да ја релативизира одговорноста на актуелните функционери

Според СДСМ, со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш потврдило дека постои сериозен обид да се минимизира и релативизира одговорноста на носителите на актуелни функции и институции поврзани со трагедијата во Кочани.
Од опозициската партија велат дека наместо да се лоцира институционалната одговорност и да се повикаат на одговорност директорите на Државниот пазарен инспекторат, УЈП и други релевантни органи кои имаа обврска да постапуваат, фокусот се префрла на индивидуални случаи и на маргинални групи, избегнувајќи ја суштината – зошто и како фирма увезувала и со месеци продавала опасна пиротехника без дозвола, и кој тоа го дозволил.
Дополнително, како што се додава, наместо да се отворат посебни истраги за секој аспект од случајот – за незаконскиот увоз, за институционалниот надзор, за реакцијата на полицијата и за конкретните пропусти на диското, Обвинителството сѐ спакува во еден предмет, со што ризикува да се развлекува постапката со години, па дури и децении. Со ваков пристап, правдата станува недостижна – а тоа е неприфатливо.
„Сериозно прашање е и одлуката приведените полицајци и полициски функционери, кои биле одговорни кобната вечер, да се пуштат на слобода со мерки за претпазливост. Особено загрижува фактот дека двајца од нив биле пресретнати на пат кон граница со Бугарија, што отвора сомнеж за можно бегство и криење на вината.
СДСМ уште еднаш потенцира – без целосна и непристрасна истрага, без одговорност за институциите и носителите на функции кои затаиле, нема да има вистинска правда за жртвите и нивните семејства.
Граѓаните гледаат. И со право очекуваат правда“, се додава во партиското соопштение.