Свет
Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020 година, има подготвено одговор доколку американскиот претседател Доналд Трамп (73) се потсмева на неговите години или ја доведе во прашање неговата ментална состојба за време на дебатата за изборите. Во тој случај Бајден ќе го предизвика Трамп да прават склекови на сцена.
„Вашингтон пост“ наведува дека Бајден овие планови ги открил за време на гостување во утринска програма на телевизијата МСНБЦ кога му било поставено прашање дали е доволно силен да му се спротивстави на Трамп по оставањето слаб впечаток по првата дебата на Демократската партија за избор на партиски кандидат.
Запрашан што ќе направи доколку Трамп ги спомене неговите години или менталната состојба, Бајден одговори: „Ќе му речам, ајде Доналде, колку склекови ќе направиш овде, другар? Мислам, на шега… Ајде трчај покрај мене“, рече Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на дипломатијата на Трамп го предупреди Иран да не збогатува ураниум

Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да го увезува она што му е потребно за неговата цивилна нуклеарна програма, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио пред разговорите меѓу Техеран и Вашингтон во сабота.
Иран, сепак, јасно стави до знаење дека не може да се преговара за неговото право за збогатување ураниум. „Нулта збогатување (на ураниум) е неприфатливо“, изјави висок ирански функционер близок до иранскиот преговарачки тим.
САД сакаат да го спречат Иран да развие нуклеарна бомба, а претседателот Доналд Трамп врши „максимален притисок“ со санкции и се закани дека ќе употреби воена сила доколку Иран не ја запре својата нуклеарна програма.
„Постои пат до цивилна, мирољубива нуклеарна програма ако тоа го сакаат. Но, ако инсистираат на збогатување ураниум, тогаш тие ќе бидат единствената земја во светот која нема „програма за оружје“, но збогатува. Мислам дека тоа е проблематично“, рече Рубио во еден подкаст.
Американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф минатата недела рече дека Иран не треба да збогатува повеќе од 3,67 отсто, забелешка што покрена прашања за тоа дали САД сè уште сакаат Техеран да ја укине својата програма за збогатување, само за да каже еден ден подоцна дека Иран мора „да го запре и елиминира нуклеарното збогатување“.
Рубио појасни дека Виткоф зборувал за „ниво на збогатен материјал што треба да се увезува од странство, како што прават многу земји ширум светот за мирни, цивилни нуклеарни програми“.
„Ако Иран сака цивилна нуклеарна програма, може да ја има како другите земји, што значи дека можат да увезуваат збогатен материјал“, рече Рубио.
Агенцијата на ОН за атомска енергија (МААЕ) предупреди дека Иран „драматично“ го забрзува збогатувањето ураниум до 60 проценти чистота, што е блиску до чистотата од 90 проценти потребни за производство на оружје.
Западот нагласува дека нема потреба да се збогатува ураниум до толку високо ниво на чистота за цивилни цели.
Свет
Трамп нуди приватна вечера и обиколка на Белата куќа на инвеститорите во неговата криптовалута

Американскиот претседател Доналд Трамп понуди, како што рече, „најексклузивната покана во светот“ на приватна вечера со него лично за 220 од најголемите инвеститори во неговата криптовалута $TRUMP.
Вечерата би се одржала во неговиот ексклузивен голф клуб во Вирџинија и би вклучувала обиколка на Белата куќа.
Понудата, објавена преку промотивна веб-страница, предизвика експлозивен пораст на вредноста на таканаречената „memecoin“ криптовалута $TRUMP, која Трамп ја лансираше пред неговата инаугурација. Само неколку часа по објавувањето, вредноста на валутата порасна за повеќе од 60 отсто, што сугерира дека инвеститорите почнале масовно да купуваат за да си го обезбедат своето место на вечерата.
„Вечерајте со претседателот Трамп и заедницата на $TRUMP! Покажете му на претседателот колку пари од $TRUMP поседувате!“ стои во поканата.
Иако до неодамна беше скептичен за дигиталните валути, Трамп започна отворено да ги поддржува криптовалутите за време на неговата претседателска кампања минатата година. Неговото лично учество во промоцијата на крипто е дополнително засилено со назначувањето на регулаторите кои се залагаат за олабавување на надзорот на пазарот на криптовалути, како и со повиците на Трамп за законодавство што ќе ја зајакне позицијата на индустријата во САД.
Оваа последна иницијатива покрена голем број етички прашања, имајќи предвид дека претставува директна врска помеѓу финансиската инвестиција во приватната криптовалута на претседателот и пристапот до владините институции. Критичарите предупредуваат дека ова ја замаглува границата помеѓу личниот профит и јавната должност.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа објект со беспилотни летала 1.000 километри длабоко во Русија

Украинската војска вчера вечер соопшти дека погодила постројка за производство на беспилотни летала со долг дострел во Татарстан, оштетувајќи ја клучната монтажна линија.
Од почетокот на тригодишната војна, Русија интензивно користи Шехид, ирански автономни камикази беспилотни летала, како и други видови беспилотни летала за напади низ Украина.
Drones reportedly attacked Yelabuga in Russia's Tatarstan on 23 April. Iranian-designed Shahed drones are manufactured there.
Russia regularly launches drones at Ukrainian cities, often targeting civilians.
Ukrainian unverified sources claimed that six… pic.twitter.com/OvrWMryYaC
— GMan (Ґленн) ☘️🇬🇧🇺🇦🇺🇸🇵🇱🇮🇱🍊🌻 (@FAB87F) April 23, 2025
Украина вчера вечер соопшти дека соборила 134 руски беспилотни летала. „Засега знаеме дека е оштетена лентата за склопување на беспилотни летала, беспилотни летала“, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм, додавајќи дека капацитетот на оштетениот објект е 300 дронови дневно.
Локалните власти во Елабуга известија за еден соборен дрон, а Маш, канал Телеграм близок до руските безбедносни служби, објави дека најмалку четири дронови биле соборени во близина на фабрика во тој град.
Украинските сили задолжени за беспилотни летала и други единици извеле експлозии во близина на фабриката, на 1.054 километри од украинската граница, соопшти украинскиот Генералштаб.