Спорт
Чоло Симеоне го договорил и Хермосо
Атлетико Мадрид и тренерот Диего Симеоне ја завршија реконструкцијата на одбраната. По завршувањето на сезоната Атлетико го напуштија долго годишните играчи Диего Годин, Хуанфран Торес и Фелипе Луис.
Реконструкцијата на одбраната Симеоне ја заврши со потенцијалниот шпански репрезентативец Марио Хермосо, откако вчера водечките медиуми објавија дека клубот постигнал договор со Тотенхем околу трансферот на Киран Трипе.
Атлетико и Еспањол се договориле Хермосо да се пресели во Мадрид за сума од 30 милиони евра. Од почетокот на преодниот рок клубовите преговараа, но Атлетико не сакаше да ја плати клаузулата од 40 милиони евра, бидејќи договорот на Хермосо со Еспањол важеше уште една година.
На крајот клубовите сепак постигнале договор.
Хермосо во 2017 година како слободен играч од Реал Мадрид се пресели во Еспањол. Минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна три гола.
Медиумите пишуваат дека 24 годишниот фудбалер в четврток или в петок ќе им се приклучи на новите соиграчи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Партизан заинтересиран за Лука Станковски
По Бојан Димовски, фудбалскиот клуб Партизан покажа интерес за уште еден македонски фудбалер, Лука Станковски (22) играч на Раднички од Крагуевац.
Лука Станковски во Раднички дојде на позајмица од Газијантеп. Во меѓувреме стана важен играч во тимот на Феѓа Дудуиќ, на 13 натпревари постига три гола, поради што клубот за 30.000 евра го откупи неговиот договор од турскиот клуб.
„Моцартспорт“, пушува за интересот на Партизан, но не наведува колкава сума е подготвен клубот од Белград да понуди за Станковски. Според овој извор, проблем може да биде фактот што Партизан сè уште не го испочитувал договорот за обештетување на Никола Миличиќ. Овој играч пред една година од раднички се пресели во Партизан, се повреди на подготвките, не успеа да дебитира, а пред неколку дена овој играч замина во шпанскиот второлигаш Бургос. Инаку за Миличиќ, Партизан на Раднички треба да му плати 500.000 евра.
„Трансфермаркт“, вредноста на Станковски ја проценува на 800.000 евра.
Спорт
Јувентус има подготвени замени за Влаховиќ
Душан Влаховиќ во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Влаховиќ и неговите менаџер ги одбија сите понуди на клубот околу новиот договор, кој предвидуваше намалување на платата. Бидејќи има договор до јуни 2026 година, летниот преоден рок ќе биде последна шанса Јувентус да заработи од неговиот трансфер.
Челниците на Јувентус веќе имаат план како ќе реагираат по заминувањето на Влаховиќ. Нивната намера е да го задржат Рандал Коло Муани, Францускиот репрезентативец неодамна го засили клубот. Одлично се вклопи постигна три гола во првите два натпревари.
Планот на Јувентус е и наредната сезона да го задржат Муани на позајмица, а по завршувањето на сезоната 2025/2026 да го откупат од ПСЖ за 45 милиони евра.
Јувентус не сака веднаш да го купи Муани, бидејќи во летниот преоден рок за 30 милиони евра сака да го ангажира дефанзивецот на Феенорд, Словакот Давид Ханцко.
Покрај Ханцко, во летниот преоден рок, челниците на „старата дама“ ќе тргнат и по Виктор Осимен. Нигериецот сезонава е позајмен во Галатасарај, а се претпоставува дека Наполи ќе прифати 75 милиони евра.
Спорт
Алаба (повторно) се повреди
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи повреда на тетивата на левата нога, соопшти шпанскиот клуб.
Алаба (32) ги пропушти повеќето натпревари во досегашниот тек од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти. Според шпанските медиуми, Алаба ќе отсуствува две до три недели.
Австрискиот дефанзивец, по пауза од 13 месеци, се врати на теренот на 19. јануари на натпреварот против Лас Палмас, по што влезе од клупата за резерви во следните три натпревари, за да го заврши претходното коло од шпанската Ла Лига против Еспањол како неискористена резерва.
Алаба му се приклучи на Реал Мадрид во 2021 година, како слободен играч од Баерн Минхен.
Реал Мадрид е прв во поредокот во Ла Лига со 49 бодови, додека во Лигата на шампионите ќе игра бараж со Манчестер сити за место во осминафиналето, откако заврши на 11. место по првата фаза од натпреварувањето.
Реал утре ќе му гостува на Леганес во четвртфиналето на шпанскиот Куп, а на 9.февруари во градското дерби ќе го пречека Атлетико. Овие натпревари и баражот со Манчестер сити ќе ги пропушти и Антонио Ридигер, кој се повреди во саботата против Еспањол.