Вести
Поранешен амбасадор на Ирак во ОН ги обвини САД за кризата во земјата
Поранешниот амбасадор на Ирак во Обединетите нации, Саид ал-Мусави, побара воспоставување потполно нов систем во неговата земја, истакнувајќи дека државата мора од корен да се менува, бидејќи постоечкиот систем, кој според него е наметнат од САД, е виновен за актуелната криза во Ирак.
САД, по влегувањето во Ирак во 2003 година, примениле систем кој не одговара за оваа земја и со тоа ја предизвикале актуелната криза, оцени Мусави во своето обраќање доцна во понеделникот во Виена.
Главната одговорност за актуелната криза во Ирак, според него, ја сносат дипломатите на САД. По влегувањето во Ирак тие, како што нагласува, сакале како „илегална окупаторска власт“ да менуваат политички систем.
„Окупаторските сили немаат такво право“, подвлекол во својот говор Мусави.
Ирак, како што тој потсетил, со векови била земја на толеранција, и немало поделби на верска основа во ирачкото општество сé до влегувањето на американските сили во земјата.
Системот што го имплементираа САД донесе до поделби и им наметна верски идентитет на Ирачаните, тврди Мусави.
Иран, како што истакнува Мусави, е втор проблематичен актер во кризата, бидејќи не сака силен и стабилен Ирак.
„Потребен ни е нов политички систем кој ќе му одговара на ирачкиот народ“, порачал Мусави додавајќи дека неопходен е нов Устав на земјата.
Отпорот на ирачките жители против актуелната власт, според него, е огромен.
Мусави упатил критики и до западните медиуми кои својот фокус го фрлиле само врз акциите на радикално-сунитската екстремистичка терористичка група Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL сега преименувана само во Исламска држава – IS), додека отпорот на ирачкиот народ против власта речиси и да не се споменува.
„ISIL постои, но нејзините приврзаници не претставуваат ниту една десетина од оние кои даваат отпор“, објаснил Мусави додавајќи дека поголем дел од жителите кои и даваат отпор на актуелната влада против нетолеранцијата и терористичките акции на ISIL , всушност се борат против актуелниот владејачки систем.
Мусави рекол дека народот на Ирак сака демократија, повеќепартиски систем, почитување на човековите права и обнова на земјата.
Поделбата на земјата, според Мусави, не е решение, бидејќи меѓусебната зависност на деловите од државата на економско ниво и ресурси е огромна.
Мусави истакнал дека доколку Курдите прогласат независност, тие не би можеле да преживеат, како политички, така и економски. „Тие би се вратиле кај своите арапски браќа“, тврди уверено Масави, кој додал дека работи за ОН.
„Курдиде не би биле во состојба да изградат богата држава“, нагласил тој додавајќи дека малите држави денеска немаат никакви шанси да се наметнат во светската сцена./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.