Контакт

Вести

Русија ги повика САД на директна воена комуникација

Објавено пред

Русија ги повика во петокот САД да ја обноват директната соработка меѓу војските на двете земји за да се избегнат „ненамерни инциденти“ во Сирија, во моментите кои американски функционери, кои остануваат неименувани, преку медиумите тврдат дека Москва трупа сили за одбрана на својот сојузник сирискиот претседател Башар ал-Асад, а руската страна во моментов спроведува поморски вежби крај сирискиот брег.

dobivaj vesti na viber

САД ги предводат воздушните напади на меѓународната коалиција против џихадистите на Исламската држава во Сирија но без координација или одобрување од владата во Дамаск, па зголеменото присуство на руски сили кои имаат поморска база во сириското пристаниште Тартус би можело да ја зголеми евентуалноста некогашните непријатели од Студената војна да се судрат на боиштето, сметаат американските коментари.

Меѓутоа, Москва повеќепати во текот на минатата седмица преку своите највисоки државни функционери порача дека како и изминатите децении испраќа воена помош за владата во Дамаск, како и хуманитарна помош, но дека „е прерано да се зборува за руско воено присуство“ во Сирија, како што посочи претседателот Владимир Путин.

Рускиот министер Сергеј Лавров на прес-конференцијата во Москва во петокот ги обвини САД за прекинување на директната комуникација меѓу Русија и НАТО поради кризата во Украина, тврдејќи дека таквиот контакт е „важен поради избегнување несакани и ненамерни инциденти“, но притоа мислејќи на сириските копнени сили.

„Секогаш се залагаме луѓето од армиите да разговараат меѓу себе на професионален начин. Меѓусебно многу добро се разбираат. Доколку, како што многупати рече (американскиот државен секретар Џон) Кери, САД сакаат тие канали да бидат замрзнати, само нека повелат“, порача Лавров.

Руските воени вежби во близината на брегот на Сирија се редовни и се одржуваат во целосна согласност со меѓународното право, додаде Лавров.

„Што се однесува до вежбите во Средоземното Море, немам информации. Но факт е дека тие редовно ги одржуваат нашите воени поморски сили. Тие се спроведуваа во целосна согласност со нормите на меѓународното право, договорени за вакви случувања“, одговори шефот на руската дипломатија.

За соработката со коалицијата против Исламската држава со Дамаск, Лавров порача дека Русија ги повикува членките на меѓународната коалиција којашто ја предводат САД, за поефикасно дејствување да соработуваат со владата на претседателот Асад и со сириската армија.

„Секогаш принципиелно се залагавме во сите сфери, а особено во такви сложени како што е борбата против тероризмот, за колективна соработка, која ќе се заснова на нормите на меѓународното право. Коалицијата еднострано беше формирана, без согласност со Советот за безбедност при ОН, без согласност со клучната за решавање на оваа антитерористичка задача земја како што е Сирија. Уште тогаш предупредивме дека таквиот пристап има многу тешкотии, компликации и зборувавме за неопходноста од координирана активност на сите инволвирани страни, вклучително и сириската влада“, рече Лавров.

Според него, неопходна е координација, особено поради ефикасност на теренот. „Сите воени експерти се согласни дека само со воздушни удари не може да се порази Исламската држава. Неопходна е координација со силите на теренот, а најефикасна и моќна копнена сила во борбата со Исламската држава е сириската армија“, смета Лавров.

„Координацијата, исто така, е важна и поради спречувањето различни недозволени ненамерни инциденти. На тоа предупредуваме уште од самиот почетока на активностите на коалицијата што ја водат САД“, порача шефот на дипломатијата на Русија.

Според Лавров сега е моментот коалицијата да соработува со сириската влада, а во полза на тоа се изјасниле и низа шефови на дипломатиите на европските земји коишто . „ја разбираат контрапродуктивноста на моменталната ситуација и разбираат што е приоритетот“.

„Доколку приоритет е борбата против тероризмот, мора да ги ставиме настрана сите конјуктурни фактори, како што е промената на власта во Сирија“, рече Лавров предупредувајќи дека претходните обиди за сменување на властите во Либија и во Ирак „доведоа до, без преседан, зголемување на терористичката закана и ѝ овозможи на Исламската држава да ја оформи својата структура, која сега се гледа во регионот“./крај/мф/сн

Извор: Reuters/TАСС



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија1 час

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија14 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ15 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ16 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија17 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија18 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија19 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ20 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија22 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија23 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ23 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ1 ден

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија1 ден

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион1 ден

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа1 ден

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион1 ден

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...