Црна хроника
(Видео) Бркотница со сатар низ трговскиот центар „Лептокарија“

Корисници на социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска споделија видеа од инцидент што се одвивал во скопскиот трговски центар „Лептокарија“.
Од објавеното видео може да се заклучи дека станува збор за расправија меѓу двајца Азијати, момче и девојка, од една страна, и трето лице, од друга.
На видеата може да се забележи како тие двајца во обид да се пресметаат со момчето го бркаат низ уличките на трговскиот центар, замавнуваат со сатарот кон него и го гаѓаат со картонски кутии полни со ѓубре.
За настанот и дали има повредени, сè уште нема официјални информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен кумановец: возел со 2,05 промила алкохол во крвта

Вчера во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода 51-годишниот В.К. од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Вработените користеле неисправни и нерегистрирани возила: кривична против директор на јавно претпријатие во Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево, во периодот од 31.07.2024 до 24.03.2025, иако знаел и бил должен да знае, во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле регистрирани.
При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од 50.909 денари, кој бил платен од пријавениот.
На тој начин, С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари.
Црна хроника
Граната од Втората светска војна пронајдена во Бардовци

Вчера околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека при вршење на градежни работи во с.Бардовци, скопско, била пронајдена стара експлозивна направа.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а била известена и Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за граната која најверојатно потекнува од Втората светска војна.
Гранатата ќе биде безбедно подигната од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.