Македонија
Регионална школа за човекови права „Предизвикај го минатото – Реагирај за иднината’’
Вчера, во Охрид, почна третата по ред регионална школа за човекови права и помирување „Предизвикај го минатото Реагирај за иднината“ со 30 учесници од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Северна Македонија.
Претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права, како годинашни носители на проектот, подготвија богата петдневна програма за учесниците.
Урaнија Пировска, извршна директорка на Комитетот, имаше воведно обраќање со осврт на модерната историја на регионот и контекстот на помирување по распадот на Југославија. Беше даден акцент на Охридскиот рамковен договор и значењето на етничкото помирување во државите од Западен Балкан во контекст на евроинтеграциските аспирации на регионот. Помирувањето беше адресирано и како предуслов за ставање крај на дискриминацијата и говорот и делата од омраза на етничка основа.
Бојан Маричиќ, специјален советник на премиерот за евро-атлантски интеграции и шеф на техничкиот преговарачки тим со Европската Унија, одржа предавање за процесот на преговарање и потпишување на преспанскиот договор како позитивен пример за помирување и градење добрососедски односи во регионот. Тој истакна дека првиот и најважен чекор во преговорите за помирување мора да биде дефинирање на приоритетите и поставување на рамка на вредности: „За нас тоа беше зачувување на идентитетот, за Грција беше одржливо решение што ќе биде универзално применето“.
Во другите сесии од школата учесниците ќе имаат можност да ги проследат предавањата на еминентни експерти во тоа поле, меѓу кои Ирена Цветковиќ, професорот Љубомир Фрчкоски, поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере, членови на бугарско-македонската комисија за историски и образовни прашања и други.
Проектот „Предизвикај го минатото – Реагирај за иднината“ е регионална иницијатива имплементирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права, српскиот Хелсиншки комитет, швајцарскот Хелсиншки комитет, Центарот за мир и толеранција во Косово, Democracy + од Косово, гимназијата „Слободан Скеровиќ“ од Црна Гора, Музејот на воено детство од Босна, forumZFD од Скопје и United World College од Мостар. Проектот е финансиран од швајцарската амбасада во Скопје, швајцарското Министерство за одбрана, Western Balkan Fund и Фондацијата „Фридрих Еберт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

