Контакт

концерти

Финскиот пијанист Мустонен со концерт на Охридско лето

Објавено пред

Во рамките на традиционалната вечер на Европската Унија, која се одржува на фестивалот Охридско лето, вечерва, со почеток во 21 часот, во црквата „Света Софија“ ќе се одржи концерт на финскиот пијанист Оли Мустонен.

dobivaj vesti na viber

Овој голем уметник, виртуоз на пијано, почнува да учи пијано на петгодишна возраст, а негов учител бил еминентниот пијанист Ралф Готони. Само две години подоцна почнува да учи композиција со еден од најпознатите фински автори на современа музика – Еинојухани Рутаваара.

Како и неговиот сонародник Еса Пека Салонен, Оли Мустонен во светот е познат по своите врвни интерпретации на пијано, а во родната Финска е многу ценет како композитор. Мустонен исто така е ангажиран и како диригент на Фестивалскиот оркестар во Хелсинки, кој самиот го основа. Покрај тоа, го предводи оркестарот Тапиола Симфониета и е уметнички директор на Музичкиот фестивал во градот Турку. Во 1991 година потпишува ексклузивен договор со издавачката куќа „Дека“ за која снима ЦД со прелудиуми од Шостакович и Алкан, издание наградено од страна на списанието „Грамофон“ за најдобра инструментална изведба. Голем број од снимените материјали на Мустонен ги издава финската компанија „Ондине“.

Како инструменталист е особено активен на концертните подиуми во Европа и Австралија, а композиторот Родион Шчедрин му го посветува Концертот за пијано и оркестар бр. 5

Издавачката куќа „Шот“ ги издава композициите на Мустонен, неговата Токата за пијано, гудачки квартет и контрабас од 1989 година го позиционира на композиторската сцена по што тој пишува „Три мистерии за оркестар“ (2003), неколку концертни дела, дела за соло пијано и повеќе композиции за виолончело. На камерната сцена соработува со виолончелистите Стивен Исерлис и Данијел Милер Шот, особено за изведбите на авторските дела. Неговата прва симфонија „Тури“ е порачка на Филхармонијата од Хелсинки, а веднаш по премиерата на делото во 2012 година, оркестарот бара од Мустонен да напише уште едно симфониско дело.

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

концерти

(Видео) Џон Њуман и Бурак Јетер со Констракта пристигнуваат на „Егзит“ спектаклот во Струмица

Објавено пред

На второто издание на „Get EXITed“ настанот во Градскиот парк во Струмица на 7 септември пристигнуваат возбудливи светски и регионални имиња! На овој Егзитов спектакл, кој минатата година го посетија повеќе од 20.000 луѓе, ќе настапи мега-ѕвезда – единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј Џон Њуман, кој со години суверено ја носи титулата поп и соул ѕвезда!

dobivaj vesti na viber

Во Струмица пристигнува и творецот на најголемите светски хитови Бурак Јетер, кој на овогодишниот „Егзит“ фестивал со спектакуларен настап до утро ги држеше разиграни десетиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист. Тие ѝ се придружуваат на неповторливата Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени набргу. Струмичкиот „Get EXITed“ го организира „Егзит“ тимот во соработка со Општина Струмица, влезот на овој голем настан е слободен.

„Од првиот ‘Егзит’, гостите од Северна Македонија беа меѓу најбројните и особено задоволство ни е, уште еднаш да ја донесеме моќната енергија на ЕГЗИТ фестивалот во Струмица. Минатогодишното издание навистина ги надмина сите очекувања, за време на настанот немаше слободно сместување во околината на Струмица, туристите дојдоа од целиот регион, а на 7 септември со најголемите глобални и регионални имиња продолжуваме во уште посилен ритам“, најавува основачот и директор на ЕГЗИТ Фестивал Душан Ковачевиќ.

Џон Њуман (Јohn Newman), суверената поп/соул ѕвезда со преку 2,5 милијарди стримови и дури девет одлични песни кои беа број 1 на светските топ листи во Струмица го носи својот специјален хибриден настап, во чии рамки ќе ги изведе своите најголеми хитови. Зад себе има соработки со лидерите на музичкиот свет, меѓу кои се Дејвид Гета, Калвин Харис, Алесо, Рудиментал, Сигала, Најл Роџерс, Галантис и Кајго. Оствари настапи кои ја редефинираат кариерата, како што беше затворањето на фестивалот „Коачела“ со Калвин Харис, и приреди спектакуларни лајв изведби на настаните од светска класа, меѓу кои се „ЕГЗИТ“ и „Гластонбери“. Само што ја објави песната „Call Your Name“ со Алесо, на која  предодредено ѝ е да стане глобален хит и која е прогласена за песна на неверојатниот „Тумороуленд“ фестивал! Њуман зад себе ги има песните кои ги знае цел свет, како „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), „Feel The Love“ и „Not Giving In“ (feat. Rudimental), „Cheating“ и многу други.

Со своите исклучителни хитови, програмата ќе ја засили и Бурак Јетер (Burak Yeter), турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј со речиси милијарда стримови само на „Јутјуб“. Изминатава деценија песните „Crash“, „Friday Night“, „Happy“, „Oh My My“ ја освојуваат планетата, радискиот етер и фестивалските сцени, додека „Tuesday“ заработи платинеста плакета во повеќе земји, а го создаде и многу забележителниот ремикс за прекрасната песна „My Life Is Going On“. Настапи на овогодишниот „ЕГЗИТ“ фестивал, на Главната бина Горки Лист, и во таа прилика уште еднаш го потврди својот статус на мега-ѕвезда која создава атмосфера и енергија за илјадници и илјадници луѓе.

Констракта беше првото најавено име на ова ново издание на „Get EXITed“ настанот. Една од најисклучителните музичарки од нашите простори и пошироко, го освои целиот свет со песната „In Corpore Sano“, што фрли заслужено светло на нејзината генијалност. На оние кои претходно не ја следеле нејзината самостојна работа им донесе целосно освежување и автентичност, но и изненаденост. „In corpore sano“ е дел од проектот „Triptih“, во кој се и песните „Nobl“ и „Mekano“, а авторка на сите текстови е Констракта. Следуваше уште еден триптих – „Evo, obećavam“, кој ја потврди посебноста на Констракта и нејзиниот тим, како и високите визуелни и музички стандарди кои ги поставија, со испраќање на силни и освестувачки општествени пораки.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот...

Топ3 часа

Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот...

Македонија6 часа

За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади...

Македонија7 часа

(Видео) Мисајловски: Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори

Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А владината коалиција, на овие...

Македонија8 часа

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според...

Македонија9 часа

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров,...

Македонија9 часа

Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место

Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји...

Топ10 часа

Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“...

Македонија10 часа

Во двор во семејна куќа во Битолско организирани борби со кучиња: поведена постапка против двајца

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233...

Македонија11 часа

„Влен“: Со еден глас Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години...

Свет12 часа

(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа...

Регион12 часа

Брнабиќ: Поранешниот претседател на Србија, несреќа од човек, повикува на граѓанска војна

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да...

Европа13 часа

Обвинител: Грабежот во „Лувр“ е дело на ситни криминалци, а не на професионалци

Спектакуларната кражба на накит од 88,4 милиони евра во музејот Лувр минатиот месец не е дело на професионални крадци во...

Свет13 часа

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „томахавк“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел....

Македонија20 часа

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија21 час

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија21 час

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...

Македонија21 час

(Видео) Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија22 часа

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....