Македонија
ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на сметка на лично богатење на поединци, соопшти Здружението на новинарите. Овој развој на настаните поврзани со „1ТВ“, според ЗНМ, претставува и удар врз репутацијата на професионалното новинарство, а доколку нема соодветна правна разрешница, може да предизвика и намалување на довербата кон новинарите и медиумите во целост.
„ЗНМ изразува загриженост и за состојбата во која се наоѓаат новинарите и медиумските работници вработени во оваа телевизија, кои поради овој скандал може да останат на улица. Ова дополнително може негативно да се одрази и на севкупниот пазар на трудот во медиумскиот сектор. Оваа состојба нека биде последен аларм за итно спроведување на најавените и ветени реформи во медиумската сфера, но и во вкупниот медиумски бизнис преку неопходен мониторинг во однос на начинот на кој медиумите се финансираат и во однос на сопствеништвото“, порача ЗНМ.
Оттаму ги повикуваат Владата и опозицијата преку парламентот да најдат механизам за итно деблокирање на собраниските процедури преку кои треба да продолжат реформите важни за нашата медиумска сфера.
„Потенцираме и потсетуваме дека се пробиени сите рокови за екипирање на програмскиот совет на МРТ и на Советот на ААВМУ. Тоа беа предуслови што треба да водат кон конечно создавање амбиент во кој приватните медиуми, како и јавниот сервис, ќе може да функционираат независно, во интерес на јавноста“, се додава во соопштението.
Ја повикаа и АВМУ да спроведе итен вонреден надзор со цел да се утврди дали телевизијата „1ТВ“ ги има прекршено одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.
Побараа од Основното јавно обвинителство во Скопје, како и од надлежните институции, со брза и ефикасна истрага да придонесат да се оттргне сомнежот во јавноста дека институциите дејствуваат селективно и не работат во интерес на граѓаните. Брза правна разрешница на случајот ќе биде многу значајна и за иднината на вработените новинари и медиумски работници во „1ТВ“, заклучува ЗНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
895 сообраќајни прекршоци вчера на територијата на целат држава, 273 за брзо возење

На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 895 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила, извести МВР.
„По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи се однесуваат на непрописно паркирање 299, а 273 се однесуваат на непочитување на брзината на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 67, па прекршоците за некористење на сигурносен појас 54, за користење на мобилен телефон при возење 21, како и 11 прекшоци што ги сториле пешаци.
Во рамки на контролите, во девет случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 12 возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 17 нерегистирани возила како и седум возила кои што биле технички неисправни согласно ЗВ“, соопштуваат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Крајна фаза од реконструкцијата на улицата Радушка во Ѓорче Петров

Реконструкцијата на улицата „Радушка“ во Ѓорче Петров која сега изгледа модерно и безбедно за сите корисници е во завршна фаза, известува општината.
„Станува збор за поставување ново асфалтно-бетонско покритие на 1.110 од вкупно 2.200 метри од улицата, поточно од гробиштата до ул.„Црногорска“ во вредност од 25 милиони денари (со вклучен ДДВ), средства од општина Ѓорче Петров.
На оваа улица, досега, изградена е нова фекална и атмосферска канализација, што значително ја подобрува инфраструктурата, направен е нов тротоар од една страна од улицата за поголема безбедност на пешаците, додека онаму каде што немаше осветлување, поставени се нови светла, кои ја зголемуваат безбедноста во вечерните часови“, соопшти општината.
„Во оваа фаза на проектот вложени се значајни средства од општина Ѓорче Петров, и покрај сите предизвици, резултатите се очигледни – една поинаква, модерна и безбедна улица за сите нас.
Со завршувањето на овие 1.110 метри, целосно ќе се заврши реконструкцијата на улицата. Ова е само дел од напорите за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во нашиот град. Работиме напоредно на сите сфери кои се исклучиво од интерес на граѓаните и јавното добро“, додаваат од општина Ѓорче Петров.
Македонија
(Видео) ЦУК: Отстранета опасноста на мостот на Пчиња кај селото Бадар

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека добиле известување од повеќе граѓани дека обилните врнежи од дожд во претходните денови предизвикале зголемување на нивото на водата во речното корито на реката Пчиња. Притоа, големиот доток на вода во речното корито, попатно низводно нанел пообилна количина дрвна маса и истите вршата притисок на столбовите, заедно со водата, на мостот, пред влезот на селото Бадар во Општина Петровец.
„Покрај со јавувања на 112 во ЦУК, со допис до ЦУК граѓаните укажуваат дека мостот е поприлично стар и веќе некои од столбовите се закосени, со што постоеше голема веројатност поради големиот притисок од водата и насобраната дрвна маса околу столбовите, истите да се срушат.
Секторот за операции и координација при ЦУК со допис ги извести надлежните институции, Општина Петровец и АД Водостопанство за преземање на мерки и активности за надминување на настаната состојба и отстран8ување на опасноста. Денеска, од Општина Петровец и АД Водостопанство сме известени дека од нивна страна е ангажирана соодветна механизација и дрвјата се исчистени од речното корито“, соопшти ЦУК.