Контакт

Вести

Шеснаесет убиени во Египет на одбележувањето на годишнината од револуцијата

Објавено пред

Најмалку 16 луѓе ги загубија животите, меѓу кои и полицаец, 40 се ранети а над 150 се приведени во судирите во неделата во Египет, на денот 25-ти јануари на кој се одбележува почетокот на народната револуција со која во 2011 година беше соборен од власта деценискиот авторитарен претседател Хосни Мубарак.
 

dobivaj vesti na viber

Најмалку 16 луѓе ги загубија животите, меѓу кои и полицаец, 40 се ранети а над 150 се приведени во судирите во неделата во Египет, на денот 25-ти јануари на кој се одбележува почетокот на народната револуција со која во 2011 година беше соборен од власта деценискиот авторитарен претседател Хосни Мубарак.

 

Десет луѓе загинале, меѓу кои и полициски службеник, во северното каирско предградие Матарија, каде што биле најжестоки судирите меѓу приврзаниците на во 2013-та година отстранетиот исламистички претседател Мохамед Морси и полицијата, пишува електронското издание на каирскиот дневен весник Al Ahram. Се додава дека поголемите судири во Каиро биле спречени, освен во Матарија, која се смета за упориште на забранетото исламистичко движење Муслиманско братство, кое минатата година беше прогласено за терористичка организација.

Според египетското министерство за внатрешни работи, исламистите во повеќе наврати од огнено оружје стрелале врз полицајците и цивили, што ги принудило безбедносните сили да отворат оган во самоодбрана.

Уште едно лице загинало во Каиро, а други две во Гиза во подметнат пожар во седиштето на локалната администрација на областа Харам. Едно лице, според министерството за здравство било донесено мртво во болница во крајбрежната метропола Александрија. Според министерството за внатрешни работи, станува збор за „вооружен припадник на Муслиманското братство кој бил смртно застрелан од полициски службеник“ откако на митингот на Муслиманското братство отворил оган врз други цивили при што било убиено момченце од христијанската коптска заедница и ранети тројца полицајци. Уште две лица биле убиени при обид да предизвикаат експлозија на бомба во Бахара во покраината Делтата на Нил.

Претходно во неделата во соседната на Матарија населба Алеф-Маскан во близина на популарниот спортски клуб била активирана импорвизирана експлозивна направа при што настрадале двајца полициски офицери. Одговорноста за нападот ја презема групата „Агнад Маср„ (Армијата на Египет), којашто првпат се огласи во 2014 година и оттогаш презема одговорност за неколку смртоносни напади.

Египетската полиција соопшти дека досега биле приведени повеќе од 150 агресивни лица, а 12 исламисти биле уапсени кога се обидувале да предизвикаат судир со маса приврзаници на либералните сили собрана на централниот каирски плоштад Тахрир од каде пред четири години започнаа протестите кои го принудија претседателот Хосни Мубарак да се повлече од функцијата.

На Тахрир плоштадот полицијата пукала од сачмарки и со солзавец се обидувала да растера повеќе стотици демонстранти кои извикувале слогани против исламистите како и против новите власт, и сакале да влезат на плоштадот.

Во медиумските извештаи, кои се повикуваат на полициски извори, се предупредува дека споменатите бројки би можело да бидат и поголеми по собирањето на сите извештаи. Само во текот на изминатиот ден биле неутрализирани 20 експлозивни направи, се фодава/крај/мф/сн.

Извор: Al Ahram



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Македонија1 час

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија1 час

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет11 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија16 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија18 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија18 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија18 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија19 часа

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија20 часа

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ21 час

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија22 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија23 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија23 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија23 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет1 ден

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет1 ден

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа1 ден

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија1 ден

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....