Црна хроника
Пушки, муниција и алати за обивање врати пронајдени во домот на стружанец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/pushki.jpg)
Синоќа, по полноќ, врз основ на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на С. Л. (53) од Струга.
При претресот биле пронајдени и одземени воздушна пушка „ГАМО делта фокс“, ловна пушка „застава“, 50 куршуми во калибар 7,65 мм; 22 малокалибарски куршуми; осум патрони во калибар 7,6 мм; пет патрони во калибар 8,5 мм; еден куршум во непознат калибар, мобилни телефони и три кутии со алат за насилно обивање врати.
По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Приведени две лица поради 4,5 килограми кокаин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/kokaina.png)
Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, приведени се две лица. Се сомничат за новластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори.
„Имено, од екстрахираните податоци, истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дојдоа до докази дека првоосомничениот кој беше лишен од слобода во Гевгелија, во бункер во ПМВ сокрива поголемо количество на психотропна супстанца. По обезбедена наредба за вештачење на возилото коешто беше одземено, пронајдени се 3,5 кг кокаин“, велат од Обвинителството.
Воедно, како резултат на доказите побарани се и извршени претреси на дом кај приведените лица и притоа е пронајден уште 1 кг кокаин. За двете лица јавниот обвинител донесе Наредба за истрага, а од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје побара притвор и куќен притвор.
Црна хроника
Жена ограбена во автобус на ЈСП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/IMG_20180829_103339.jpg)
Вчера во 13:20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(51) од Скопје.
Приведен е поради сомнение дека претходно во автобус на ЈСП, од 46-годишна жена од Скопје одзел мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Маж оштетил надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-3.jpg)
Вчера во 13.45 часот во СВР Скопје, неколку граѓани пријавиле дека на 09.02.2025 околу 16.00 часот на гробишта на подрачјето на Ѓорче Петров забележале едно лице како оштетува повеќе надгробни плочи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.