Црна хроника
Во САД се урна транспортен „Airbas“ на UPS, двајца загинати

Голем товарен авион од типот „Airbus“ на американската транспортна компанија UPS се урна во средата во близина на аеродромоt во Бирмингем во сојзуната држава Алабама, при што загинаа пилотот и копилотот.
„Можам да потврдам дека загинаа (пилотот и копилотот) во падот на авионот“, изјавил градоначаникот на Бирмингем, Вилјам Бел, пренесува Reuters.
Пожарот кој узбувнал кусо по падот на авиони во оваа ретко населена област, е ставен под котнрола, додал Бел истакнувајќи дека во несреќата нема други жртви.
Авионот од типот „Airbus A300“ на летот од Луисвил во Кентаки кон Бирмингем се урнал во 10 часот по средноевропско време, потврди за NBC News портпаролката на американската Федерална управа за авијација (Federal Aviation Administration FAA), Кејтлин Берген.
Според портпаролот на аеродромот во Бирмигнем, Тони Баст, авионот паднал на територијата на аеродромот, при обидот да слета. По падот тој се запалил, а се слушнале и неколку експлозии.
Од UPS, најголемата компанија за достава на пратки во светот, соопштија дека сé уште се утврдуваат причините за несреќата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.