Култура
Кино на отворено во паркот кај МКЦ
Во првото издание на Кино на трева од утре, 23 јули, па во наредните четири дена до 27 јули (сабота) ќе бидат прикажани пет филма во паркот на МКЦ.
Настанот е во организација на МКЦ и киното „Милениум“, а во склоп на програмата на „МКЦ за Скопје“.
Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, а на посетителите останува да си обезбедат место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе за седење на трева. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули, која ќе почне по полноќ.
Репертоар:
23 јули (вторник) COLD WAR | режија: Pawel Pawlikowski
24 јули (среда) DOGMAN | режија: Matteo Garrone
25 јули (четврток) LORO | режија: Paolo Sorrentino
26 јули (петок) ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ | режија: Данило и Раде Шербеџија
27 јули (сабота) BORDER | режија: Ali Abbasi
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Концерт на Георги Шарески на Есенски музички свечености
Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10. (петок) со концерт на Георги Шарески – соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19.
Георги Шарески е гитарист, композитор и аранжер кој се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата музика се карактеризира со длабока емоционалност, комплексна хармонија и суптилна виртуозност.
Со девет авторски албуми, Шарески настапува како соло артист и со врвни музичари од Македонија и пошироко. Неговите проекти ги надминуваат жанровските граници, спојувајќи традиција и современ израз.
Редовно настапува на реномирани фестивали и сцени во Европа и светот, придонесувајќи за меѓународната афирмација на македонската современа музика.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.
Култура
Изложба на Аница Китаноска „Скаменети потези: еволуција на формата“ во Битола
Вечерва со почеток во 19 и 30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на уметницата Аница Китаноска, насловена „Скаменети потези: еволуција на формата“. Изложбата ќе биде отворена во изложбениот простор Магаза – Битола.
Изложбата ќе ја отворат директорката на НУ Завод и музеј – Битола, Маргарита Спасов, која ќе даде воведен збор, кустосот советник во истата установа, Наде Геневска-Брачиќ, и уметницата Љубица Мешкова Солак, членка на ДЛУМ која живее и работи во Битола.
Изложбата ја заокружува трилогијата посветена на односот меѓу мозаикот и сликарството. Таа ја истражува трансформацијата на уметничкиот гест во трајна форма, каде што традицијата се преобликува во современ израз.
Битола, со своето богато мозаично наследство, станува простор на континуитет и преобразба, точка каде што минатото и сегашноста се спојуваат во нова визуелна целина.
Изложбата се одржува во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), НУ Завод и музеј Битола, Музеј на Град Скопје и со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Изложбата ќе биде отворена од 27 октомври до 12 ноември 2025 година.
Култура
Изложба „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“ во КСП Центар-Јадро
Вечерва, во 20:00 часот, во КСП Центар – Јадро ќе се oтвори изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“, дел од континуираната читачка група што веќе пет години функционира во рамките на програмата за критичка теорија и современа уметност.
Оваа година форматот е проширен – покрај теоретските средби, проектот вклучува и уметничко истражување кое ја поврзува теоријата со уметничката практика, отворајќи простор за нови форми на критичко изразување и дијалог со јавноста.
Темата за ова година „Јавен простор – Место за конфликт“ се фокусира на политичките, социјалните и економските сили што го обликуваат јавниот простор, како и на начините на кои пристапот, сопственоста и контролата влијаат врз неговата демократска природа.
Изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“ е создадена од уметниците Ивана Мирчевска, Елена Чемерска и Амир Карахасан, во рамки на процес инициран од Ѓорѓи Пулевски и модериран од Ивана Драгшиќ.
Таа истражува како телата, гестовите и блискоста стануваат облик на отпор и колективно преосмислување на јавниот простор – терен каде се судираат различни желби и логики на присуство. Во време кога просторот на градот се сведува на транзитна зона, изложбата предлага перформативен и поетски гест на враќање на чувството на заедништво, припадност и заедничко битисување

