Свет
Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на смртна казна, објави денеска иранската државна телевизија.
#BREAKING Iran says dismantles CIA ring and arrests 17, some sentenced to death pic.twitter.com/ddQsp6oyIB
— AFP news agency (@AFP) July 22, 2019
Министерството за разузнавање објави дека ја уништиле шпионската мрежа на ЦИА и дека 17 шпиони биле уапсени, објави агенцијата.
„Ројтерс“ ги пренесува наводите на полуофицијалната иранска агенција Фарс дека некои од уапсените се осудени на смртна казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран бара итна седница на Советот за безбедност на ОН

Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се разговара за израелските напади на терен, соопшти иранската мисија во ОН за CNN.
Во утринскиот израелски напад врз висока локација во Иран, убиени се бројни команданти, научници и цивили, објави иранска агенција.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно објавија дека од Иран кон Израел биле лансирани над 100 беспилотни летала и дека израелските воздухопловни сили (ИРА) ги пресретнале.
Владата на Иран објави дека израелскиот напад врз таа земја, во кој биле убиени неколку ирански генерали, научници и граѓани, докажал дека „нелегитимниот режим“ не почитува никакви меѓународни правила или закон.
Регион
ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово, беше прочитана декларација на оваа тема, објави БГНЕС.
„Овој случај не е изолиран, туку еден од многуте што го потврдуваат прогонот на Бугарите во РСМ.
Од пратеничката група на ГЕРБ-СДС, изјавуваме дека оваа пресуда е целосно неприфатлива и ги повикуваме властите во Скопјe да ја запрат репресијата врз бугарската заедница и врз секој што го брани своето неотуѓиво право да се самоидентификува како Бугарин, изјави Јорданка Фандакова.
Оваа пресуда, според неа, е политички мотивирана, тоа е чин на репресија врз Бугарите во РСМ, чии права се систематски кршени.
„Време е властите во оваа земја-кандидат за членство во Европската Унија да престанат да го негираат постоењето на омраза, како и да престанат со сите дејствија што систематски ја поттикнуваат, особено против Бугарија и Бугарите во РСМ.
Бугарија не може и нема да остане рамнодушна кога нејзините граѓани и сонародници се изложени на неправда поради нивниот идентитет. Љубчо Георгиевски не е сам, целата бугарска држава и народ стојат зад него“, рече Фандакова.
БГНЕС во својот напис потсетува дека Основниот суд во Битола го осуди Љубчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, на затворска казна од една година, со услов од две години да не го повтори кривичното дело, предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Како што пренесува медиумот, бугарското Министерство за надворешни работи, вчера ја оцени казната како апсолутно неприфатлива.
Свет
Израел го евакуираше својот најголем аеродром откако Иран лансираше дронови

Израел денес го евакуираше Меѓународниот аеродром Бен Гурион откако Иран возврати со напади со беспилотни летала.
Израелското воено радио објави дека празните патнички авиони се пренасочуваат кон други аеродроми. Израелскиот Канал 12 објави дека јавноста е замолена да се држи подалеку од аеродромот – најголемиот во земјата – до понатамошно известување.
Синоќа, Израел изврши голем воздушен напад врз повеќе цели во Иран како дел од операцијата „Rising Lion“. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување на ураниум во Натанц.
МААЕ потврди дека Натанц е меѓу нападнатите локации и дека е во контакт со иранските власти за следење на нивоата на зрачење.