Црна хроника
Обвинение за дилер на хероин од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Обвинетиот од март до јули оваа година во неколку наврати од засега непознато лице заради продажба набавувал хероин, потоа го препакувал во помали пакувања и го продавал.
На 8 овој месец бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени 9,28 грама хероин и една дигитална вага со остатоци од дрогата. Истиот ден обвинетиот им продал дрога на две лица, со вкупна нето маса од 0,24 грама спакувана во две полиетиленски пакувања, по што истите биле одземени. Обвинетиот е во притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Тетовско: возел со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот В.М. од село Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето е пиведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.
Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.