Европа
Во Германија застрелан маж поради бојата на кожата
Маж од Еритреја е тешко повреден во пукање во западна Германија, а осомичениот за нападот, кој очигледно имал антимигрантски мотиви, неколку часа подоцна извршил самоубиство, соопшти обвинителството во Франфурт.
Портпаролот на обвинителството, Александер Бадле, изјави дека 26-годишниот Еритреец бил погоден во стомакот во близина на градот Вестербарх, пренесе АП.
„Младиот човек е пренесен во болница и не е во животна опасност“, додаде портпаролот.
Околу три часа подоцна, 55-годишниот Германец пукал во својата глава и е пронајден во својот автомобил.
Бадле рекол дека жртвата судејќи по сè е избрана поради бојата на кожата и нема доказ дека напаѓачот имал врски со екстремно деничарски групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта
Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата. Во разговорот Кулеба истакна дека има три клучни причини за неговата оценка: решеноста на претседателот Володимир Зеленски да не отстапи под притисок, неподготвеноста на Украина да се согласи на брзо решение и фактот дека клучот за мирот лежи во Москва, а не во Киев.
Според него, решението на конфликтот зависи од тоа што би можел да прифати рускиот претседател Владимир Путин за да постигне прекин на огнот, а не од отстапките од Украина. Кулеба нагласи дека одговорноста за завршување на војната е на страната што ја започнала и дека Украина нема да се согласи на еднострани отстапки.
Во контекст на се поинтензивните борби, вклучително и учеството на севернокорејските војници на страната на Русија и употребата на нови балистички ракети, Кулеба призна дека Украинците се загрижени поради ескалацијата на конфликтот. И покрај тоа, тој нагласи дека Украина нема да прифати решенија кои би го загрозиле нејзиниот суверенитет или територијален интегритет.
Европа
(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција
Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата, соопшти турското Министерство за транспорт.
Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле прекинати до три часот по полноќ по локално време, додека авионот не бил отстранет од пистата.
Сите 89 патници и шест членови на екипажот се безбедно евакуирани од патничкиот авион Сухој Суперџет со 100 седишта, кој допатува од руското црноморско одморалиште Сочи, соопшти Министерството.
🚨#BREAKING: Russian passenger plane caught fire at Antalya airport in Turkey. pic.twitter.com/Zts9euvU0j
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) November 24, 2024
На видеото споделено на социјалните мрежи, екипите за итна помош може да се видат на местото на пожарот, додека пламенот и чадот се издигаат од моторот на авионот.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.