Црна хроника
Спречен обид за шверц на 440 мобилни телефони

Цариниците од Аеродромот Александар Велики во Скопје, во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, спречија обид за шверц на 440 мобилни телефони.
На 17 мај, на Аеродромот Александар Велики со лет од Истанбул пристигна косовски државјанин кој на царинските службеници им пријави дека со себе носи стока – мобилни телефони која сака да ја стави во соодветна царинска постапка. Пратката е ставена под царински надзор, а три дена подоцна со соодветни царински документи е пријавена за извоз кон Косово.
Инаку, патникот е претходно посочен како ризичен од страна на полицијата.
Пред да ја ослободат стоката, царинските службеници извршија детален преглед споредувајќи ја фактичката состојба со приложените документи. Притоа, утврдено е дека пратката се состои од 440 мобилни телефони, од кои 242 телефони NOKIA -101 воопшто не се пријавени во царинските документи, а за останатите 198 мобилни постои сомнение дека повредуваат права на интелектуална сопственост.
Пријавената вредност на мобилните телефони изнесува 11 илјади американски долари, но доколку би се продавала како оригинал, вредноста би достигнала околу 60 илјади американски долари. Стоката е задржана, за делот од пратката за кој постои сомнение дека повредува права на интелектуална сопственост е отпочната постапка за утврдување на нејзината оригиналност, а против сторителот е поведена прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по царински прекршок. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.