Свет
Британски посредник во Иран преговара за ослободување на танкерот
Британија испрати свој посредник во Иран за да преговара за ослободување на нафтениот танкер „Стена Имперо“, соопшти Мохамад Мохамади-Голпајегани, шеф на кабинетот на иранскиот врховен лидер, a пренесe иранскиoт информативен портал „Тасним“.
Напнатоста меѓу Иран и Британија се зголеми откако Иранската револуционерна гарда минатиот петок го заплени британскиот танкер, наведувајќи дека се судрил со рибарско бротче.
Портпаролот Голпајегани не изнел повеќе детали за престојот на британскиот посредник, но иронично ја коментирал неговата мисија.
„Земја која своевремено именуваше министри и правници во Иран дојде до точка кога испраќа посредник кој моли танкерот да биде ослободен“, ја пренесува „Тасним“ изјавата на портпаролот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Новиот шеф на Тајната служба е агентот кој го чуваше Трамп за време на обидот за атентат
Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Шон Куран за нов директор на американската тајна служба. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп рече дека Куран е голем патриот кој го штител неговото семејство во последните неколку години.
Тој служеше како специјален агент задолжен за безбедноста на Трамп четири години. Скокна на сцената за да го заштити со своето тело за време на првиот обид за атентат на 13 јули во Батлер. Додека раководеше со обезбедувањето на Трамп, надгледуваше 85 луѓе.
„Тој ја докажа својата храброст кога го ризикуваше сопствениот живот за да помогне да се спаси мојот од куршум на атентатор во Батлер, Пенсилванија“, напиша Трамп. Куран се приклучи на Тајната служба во септември 2001 година.
Тајната служба, која е одговорна за заштита на сегашните и поранешните претседатели на САД, се соочи со криза откако вооружен маж успеа да го застрела Трамп од покривот на митинг на отворено во Батлер. Трамп беше погоден од куршум во десното уво, а еден учесник на митингот беше убиен во престрелката.
Напаѓачот, идентификуван како 20-годишниот Томас Крукс, на крајот бил убиен од снајперист на Тајната служба.
Свет
Ирска има нов премиер
Мајкл Мартин денеска по втор пат беше избран за ирски премиер со гласовите на коалицијата на двете големи партии од десниот центар и независните претставници.
Ова е втора последователна коалиција меѓу две историски ривалски партии, Фин Гаел и Фиана Фаил, кои наизменично ги водеа сите ирски влади од основањето на земјата, а независните пратеници го заменија помалиот коалициски партнер, Партијата на зелените, која загуби најголем дел од седишта.
Гласањето беше закажано за во среда, но парламентарната седница мораше да се одложува четири пати по протестите на опозицијата поради правото на независни пратеници, кои ја поддржуваат владејачката коалиција, да говорат. Двете страни на крајот се договорија и Мартин беше избран.
Мартин (64) беше премиер од 2020 до 2022 година.
Свет
(Видео) Европа во страв од опасна бура: се очекуваат застрашувачки удари на ветер, метеоролозите предупредуваат дека никогаш не виделе нешто слично
Опасната бура „Еовин“, која носи урагански ветрови, силен дожд и снег, се движи кон Велика Британија, со црвени предупредувања издадени за Северна Ирска и делови од Шкотска во петокот.
Метеоролозите предупредуваат на бурни ветрови кои ќе дуваат и до 160 км/ч, а остатоците од покривите и куќите што ги носи ветерот може да бидат опасни по живот.
Another video from Quintrell downs #cornwall of strong winds ( possible downburst or a tornado after hail and thunder passed over)
Video courtesy of Niamh@NickJF75@bbcweather@AnthonyStorms7 @DundeeSat @BlackCountryWX @BBCCornwall @ITVCharlieP @itvnews @BBCCornwall… pic.twitter.com/vTRwEwT4G7
— Kernow Weather Team (@KWTWeather) January 23, 2025
Метеоролошката служба предупреди дека очекуваат оштетувања на згради, разнесени покриви, паднати дрвја и значителни нарушувања во сообраќајот со потенцијално откажување на летови, возови и траекти. Можни се и прекини на струја, од кои некои би можеле да траат и неколку дена.
Синоптичарите дури ги предупредиле сопствениците на домашни миленици да ги држат своите кучиња со каишки поради страв дека силните бранови би можеле да ги однесат на брегот. Од милиони луѓе е побарано да останат дома, училиштата во Северна Ирска ќе бидат затворени, а на луѓето им било кажано да не патуваат во Шкотска.
Министерот за образование рече дека одлуката за затворање на училиштата е донесена со цел да се избегне каква било потенцијална опасност по животот на децата.
– Училиштата денеска треба да развијат планови за учење на далечина за учениците да можат да учат дома – рече тој.
– Ова е огромна бура. Никогаш не сум видел такво нешто во кариерата – изјави прогнозерката на Би-Би-Си Џудит Ралстон.
Друг експерт за временска прогноза предупреди дека бурата „Еовин“ би можела да го донесе на Шкотска најнискиот притисок од 1982 година, што ќе ја направи една од „најинтензивните“ бури што ја погодиле земјата во поновата историја.
Во централна Шкотска има црвено предупредување додека бурата се движи кон исток.
Железничките оператори Avanti, LNER, Lumo и Northern во петокот издадоа предупредувања до патниците да не патуваат во северна Англија и северен Велс.
– Ако треба да патувате, подгответе се за тоа на што може да наидете. Очекувајте да наидете на паднати гранки и други остатоци на патиштата, особено во руралните области, им рекол Крис Вуд на возачите.
Би-Би-Си забележува дека веќе во четврток започнува голема промена на времето во Велика Британија, бидејќи обилните врнежи од дожд и силните ветрови ја зафатија земјата.