Свет
Кралската морнарица следи британски танкер во транзитот низ Ормуз

Голем танкер кој плови под британско знаме транзитираше низ Ормускиот Проток во придружба на фрегата на Британската кралска морнарица во првотот такво поминување откако Иран минатата недела заплени британски брод, пренесува „Брејтбарт“.
Транспортерот на гас „БВ Елм“, на „БВ груп“ помина низ протокот во вторникот и покрај упатствата од британската влада за избегнување на рутата.
„БВ Елм“, изграден во 2007 година, е првиот британски брод со носивост над 10.000 тони кој го изведе транзитот откако „Стена имперо“, танкер во сопственост на „Стена балк” од Велика Британија, беше заробен од Исламската револуционерна гарда на 19 јули. Британскиот воен брод „ХМС Монтроуз“ го следеше бродот од мала оддалеченост, но не му обезбеди директна придружба.
Британскиот секретар за надворешни работи, Џереми Хант, го опиша нападот на ИРГЦ во петокот како чин на пиратство.
„Ако Иран продолжи по овој опасен пат, мора да прифати дека цената ќе биде поголемо западно воено присуство во водите по должина на нивното крајбрежје, не затоа што сакаме да ги зголемиме тензиите, туку едноставно затоа што слободата на навигацијата е принцип што Британија и нејзините сојузници секогаш ќе ја бранат “, рече Хант.
Тој рече дека Британија почнала разговори со претставници од повеќе земји за да се воспостави контрола. Во меѓувреме, британската морнарица го испрати ХМС Данкан, разорувач, да го замени ХМС Монтроуз во теснецот.
Податоците од сајтот за следење „Марин трафик” покажаа дека комерцијалниот брод пристигнал во едно пристаниште во Катар рано во средата по преминит низ протокот. Сопственикот на бродот одби да коментира за спецификите на патувањето, но рече дека компанијата е благодарна за поморското присуство на Британија и на меѓународната заедница, кои ја обезбедуваат сигурноста на бродовите во таа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.
Свет
Фабрики за оружје во неколку држави отвори Иран

Иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзадех тврди дека Иран во неколку држави создал инфраструктура за производство на оружје.
Тој не соопшти во кои земји Иран ќе произведува оружје, но најави дека фабриките најверојатно официјално ќе бидат отворени.
Насирзадех наведе пред војната со Израел еден од приоритети на Иран бил развивање на ракети, но оти сега „би можеле да се сменат приоритетите“.