Црна хроника
Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид ѝ се предал на полицијата
Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид, Митко Дабески, осомничен за финансиски криминал, по четири месеци бегство сам се пријавил во охридската полиција. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски информираше во средата дека осомничениот е предаден на Основниот суд Охрид, каде треба да даде исказ за делата за кои се товари.
Поранешниот директор и двајца негови блиски соработници се товарат дека во периодот 2010-2014 година сториле повеќе кривични дела и тоа „Проневера во службата“, „Поттикнување“, „Помагање“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“. По спроведената детална истрага, Управата за финансиска полиција утврдила дека во периодот 2010-2014 година во Здравствениот дом во Охрид проневерени се вкупно 7.565.302,00 денари за кој износ ќе одговараат трите пријавени лица, пишува Охридњус.Основниот суд Охрид заради сериозноста на кривичното дело, можноста за влијание врз сведоци и опасноста од повторување на делото, на трите пријавени лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Двајца од пријавените беа уапсени од страна на Финансиската полиција на 19- ти февруари, додека поранешниот директор на Здравствениот дом Охрид до сега беше недостапен за истражните органи./крај/мф/
Извор: извор и фото: Ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

