Контакт

Вести

Роухани: IS сака да го убие човештвото, џихадистите се повлекуваат од Сирија

Објавено пред

Иранскиот претседател Хасан Роухани го осуди обезглавувањето на невините луѓе и изјави дека со таквите потези терористите од радикалната сунитска џихадистичка група Исламска држава ги кршат исламските начела, според цитатите што ги пренесуваат медиуми од неговото интервју за американската телевизиска мрежа NBC News. Истовремено има извештаи дека силите на исламската дражва започнале да се повлекуваат од Сирија пред најавите дека американските сили ќе ги бомбардираат нивните позиции.

dobivaj vesti na viber

„Според исламските начела и култура, убивањето на невини луѓе е еднакво на убивањето на целото човештво и според тоа, убивањето и отсекувањето на главите на невините луѓе е всушност срамота за нив и извор на загриженост и тага за секој човек и за целото човештво“, изјави иранскиот претседател Хасан Роухани во интервју во пресрет на неговото доаѓање следната седмица во Њујорк на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, на којашто, како што се очекува главно ќе се говори за сузбивањето на џихадистичката Исламска држава.Зборовите на претседателот на шиитската Исламска Република Иран, доаѓаат по бруталните обезглавувања на американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф. Минатата седмица се појави уште еден видео материјал на кој беше прикажано отсекувањето на главата на британскиот хуманитарен активист Дејвид Хејнс. Сите тие беа подолг период во заложништво на сунитските радикали откако беа грабнати во Сирија. Според повеќе сведоштва, вакви брутални, како и други видови свирепи масовни и јавни егзекуции, припадниците на Исламската држава практикуваат и врз други нивни заложници или противници, без разлика дали се сунити или шиити.САД настојуваат да воспостават меѓународна коалиција за борба против исламската милитантна група, а исламскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претходно седмицава изјави дека ја одбил понудата на Вашингтон за разговори за ова прашање.Американскиот претседател Барак Обама во средата изјави дека досега повеќе од 40 земји ветиле учество на некој начин во коалицијата против Исламската држава. Во очекување е дека Обама многу скоро ќе се сретне со својот тим советници за национална безбедност со кои ќе разговара за состанокот во ОН за Исламската држава.Доцна вечерта во средата, од џихадистички извори беше пренесено дека борците на Исламската држава поради американските закани за воздушни напади се повлекле од неколку позиции во источна покраина на Сирија која во поголем дел ја држат под контрола. „Исламската држава започна да ги напушта своите бази и позиции во покраината Деир ал-Езор“, чијшто поголем дел е под контрола на џихадистите од оваа организација, изјавил за AFP Абу Осама, борец од споменатата област.Осама, со кого агенцијата стапила во контакт преку интернет, рекол и дека се „затворени“ сите познати позиции на Исламската држава во Ешар, 60 километри од главниот град Деир ал-Езор. Џихадистите ја напуштиле и поранешната зграда на покраинската влада во Деир ал-Езор, претворена во најголемото складиште во регионот на Исламската држава, рекол Осама. „Во градот Мајадин (во близина на ирачката граница) Исламската база се повлече од осум бази и има отворени само три бази“, додал. „Се повлекуваат дури и од нафтените полиња. Евакуирани се семејствата на странските џихадисти коишто живееја во станбените згради во близина“, соопштил борецот соговорник на AFP.Исламската држава во сирискиот судир се појави во пролетта 2013 година, тогаш уште како дел од глобалната терористичката мрежа Ал Каеда, полека станувајќи доминантната сила којашто се бори против владините сириски сили на претседателот Башар ал-Асад. Од почетокот на 2014 година, џихадистите од IS успеаја да ги потиснат од богатата покраина Деир ал-Езор другите исламистички групи и сунитските опозициски сили. Војската на Асад, којашто истовремено се бори и со бунтовниците и со Исламската држава, сѐ уште контролира некои сектори во градот Деир ал-Езор како и воената воздухопловна база во таа покраина.Џихадистите наводно се повлекуваат од Сирија по заканите на Вашингтон дека ќе ги прошири воздушните удари коишто веќе ги спроведува против Исламската држава во Ирак.Џихадистите останале на позициите во Рака, најголемото упориште на Исламската држава во Сирија, изјавил борец кој од страв од одмазда се крие зад псевдонимот Фурат ал-Вафа. „Базите уште се таму, иако IS го повлече оружјето од некои позиции. Меѓутоа во градот IS и натаму е присутна“, порачал преку интернет./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 часа

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија10 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија11 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија12 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија12 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија14 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија15 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа16 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ17 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет17 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа18 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет18 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија19 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет1 ден

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија1 ден

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ2 дена

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија2 дена

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија2 дена

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет2 дена

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...